Холивудски дами кои рекоа НЕ за бракот: Ова се нивните причини

Холивудски дами кои рекоа НЕ за бракот: Ова се нивните причини

Бракот е заедница за којашто некои жени фантазираат уште од мали нозе, додека пак други за тоа почнуваат да размислуваат во нивните дваесетти, трети во нивните триесетти, а постојат и такви кои никогаш не ни помислуваат на брак. Некои жени едноставно не се пронаоѓаат во бракот и немаат потреба својата љубовна врска да ја зацврстат со закон.

Ви ги прикажуваме изјавите на 7 славни жени кои никогаш не се омажиле и кои сметаат дека бракот едноставно не е за нив.

1. Шарлиз Терон, актерка

„Бракот никогаш не ми бил важен. Не знам зошто е тоа така. Она што сакам е врска која ќе трае, а сум била во долги врски. Тоа е таков вид заедница каква што сакам. Чинот на венчавањето и стапувањето во брак не е нешто што ми е важно, но разбирам зошто на другите им значи“.

2. Кристин Дејвис, актерка

„Се сеќавам дека во младоста мислев: ‘Зошто луѓето се венчаваат?’ Ни како девојче никогаш не сум рекла: ‘Еден ден сакам да се омажам’. Тоа не значи дека никогаш не би се омажила, но мислам дека не морам да го направам тоа за да бидам среќна. Не знам дали некогаш ќе се омажам. Потполно сум среќна со својот сингл статус.“

3. Ева Мендез, актерка

„Мислам дека е многу секси да бидеш со некој во своите педесетти и шеесетти години и да им зборуваш на другите дека тој е твој дечко. Мислам дека зборовите маж и жена се премногу несекси“

4. Наоми Вотс, актерка

„Не сум пораснала мечтаејќи за својата венчавка од бајките. Мојата мајка два пати се венчаше и два пати се разведуваше. И мојот партнер, Лив Шрајбер, потекнува од слично семејство. Можеби ќе се разбудиме некој ден и ќе кажеме: ‘Еј, ајде да го направиме тоа’. А можеби и нема. Тој и јас имаме семејство. Премногу сме блиски и поврзани. Само ја немаме таа писмена потврда, а нам тоа ни најмалку не ни смета“.

5. Мариса Томеј, актерка

„Не сум голем фан на институциите за брак и не знам зошто жените би требало да имаат деца за на нив да гледаат како на сите човечки битија“.

6. Опра Винфри, водителка

„Кога би ја имала титулата сопруга, би постоеле очекувања околу што е тоа сопруга и што прави сопругата. Мојот дечко, Стедман Грејем, ме запроси и прво реков да. Но, се покажа дека повеќе сум сакала да ме праша дали сакам да се омажам, отколку што сум сакала да се омажам. Едноставно не чувствувам дека тоа е вистинската работа за мене“.

7. Дајан Китон, актерка

„Ме привлекуваат мажите и сакам да си поигрувам со нив. Но, да делиме заеднички живот? Тоа е друг свет. Мислам дека за такво нешто личноста треба да биде спремна на компромиси и да биде реална. Јас тоа никогаш не би го можела. Никогаш“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар