КАФЕ ПАУЗА

Уметник создава реалистични кукли кои ќе вe наежат!

Понекогаш артистите се толку вешти што кога ќе создадат нешто, како овие реалистични кукли, тоа може да биде по малку застрашувачко. Таков е примерот на рускиот уметник Михаел Зајков. Кога го следите процесот на изработка на куклите, она што најмногу ви се врти низ главата додека ги гледате е мислата: „Те молам немој да трепнеш…“rnrnУметник создава реалистични кукли кои ќе ве наежат!rnrnЗајков дипломирал на кубанскиот државен универзитет во Русија во 2009-тата година. Од 2010 до 2013 работел во куклен театар, паралелно привршувајќи ги своите магистерски студии. Но, тој стекнал домашна, па и светска слава, откако ги прикажал своите дела на уметничката изложба „Art Dolls“ во Москва. При изработката на своите кукли, Зајков користи најразлични материјали како полимер глина, рачно нацртани очи на стакло од Германија и француски мохер за косата. Погледнете…rnrn