Измина првиот месец од новата година и веќе полека се навикнуваме на новата 2016-та, а нашата желба за авантура континуирано расте. Егзотичните и далечни земји со богата култура и низа туристички атракции се идеални дестинации кои даваат мир и го будат истражувачот во нас. Следуваат 10-те совршени дестинации, избрани како најдобри од преубавите земји низ светот, за семејни авантури, романтични бегства или нешто измеѓу.rnrn
rn
1. Куба
rnСо оглед на тоа што оваа преубава оаза, која била и е под влијание на политичките збиднувања, сѐ повеќе се развива и менува, Куба би требало да биде една од подобрите земји кандидатки за посета. Шарените и стари големи згради, мирисот на локалниот рум кој се подготвуваа за да го зачини незаборавното мохито, автомобилите од 50-тите години на минатиот век и веселата салса музика која одекнува на секој агол кој, пак, се претвора во клуб во кој се танцува од утро до вечер… Ова е само дел од атмосферата која Куба може да ја понуди.rnrn
rn
2. Бразил
rnОткако се покажа како одличен домаќин за Светското првенство во фудбал, кое се одржа во 2014-тата, Бразил и оваа година ќе ги угости врвните спортисти, овој пат за Олимписките игри. Кој не би сакал да ја доживее Олимпијадата во божественото Рио? Оваа огромна земја богата со природни убавини претставува рај за истражувачите и луѓето со авантуристички дух. Туристите на првата посета треба да тргнат од најголемите и најенергичните градови (Сао Паоло, Рио де Жанеиро), а потоа да се упатат кон прекрасните морски плажи (Салвадор, Парати) и задолжително да го посетат Манаус, огромниот град сместен на сред амазонската прашума кој може да се пофали со бројни атракции.rnrn
rn
3. Шри Ланка
rnПо завршувањето на граѓанската војна која траеше со децении, Шри Ланка сѐ повеќе добива на популарност благодарение на многубројните нови хотели кои ги привлекуваат туристите од сите краишта на светот. Минатава година најголема атракција беше хотелот Три кој е сместен на крајбрежјето на езерото Когала. Хотелот се наоѓа на еден голем остров на кој можете да ги истражувате плажите, храмовите и плантажите на чај.rnrn
rn
4. Виетнам
rnВиетнам може да се пофали со бројните луксузни одморалишта кои се идеални за одмор и бегство од градот. Опкружен со природни убавини, Виетнам поседува две спектакуларни плажи – Анантара и Аман кои претставуваат вистинско место за опуштање.rnrn
rn
5. Зимбабве
rnОткако со години беше заобиколувана, оваа туристичка дестинација е повторно во центарот на вниманието делумно поради аеродромот „Викторијански водопади“, кој е отворен минатава година, што овозможи многу полесен пристап до овој дел на Јужна Африка. Покрај фантастичните атракции, Зимбабве може да се пофали со кампот „Wilderness Safaris“ кој се наоѓа во националниот парк Хванге, а на посетителите им овозможува уживање во природата со вистинско чувство на сафари духот.rnrn
rn
6. Пуглија, Италија
rnОваа дестинација беше во голем фокус минатово лето, што значи дека нејзината популарност ќе се задржи и оваа година. Причината за тоа се идеалните услови: топлото време, барокните градови, архитектурата во конусен облик и богатите вкусови на медитеранската кујна. Градот Лече е вистински рај на земјата, посебно за љубителите на храната кои овде можат да пробаат многубројни специјалитети како што се скаморца (топено кравјо сирење), со кое се преливаат најразличните јадења и пастичото (пита со крем од ванила). Покрај тоа, посетителите можат да уживаат во сончевите пладневни часови на улиците и плоштадите со споменици и стари цркви.rnrn
rn
7. Јапонија
rnЈапонија е дефинитивно на врвот на оваа листа. Сепак, оваа земја туристите често ја избегнуваат поради нејзината репутација како една од најскапите земји во светот. Ова година градот Кјото би можел да биде ваш избор, бидејќи ќе ви помогне најдобро да ја почувствувате магијата која оваа земја со пребогата култура може да ја понуди.rnrn
rn
8. Костарика
rnОваа тропска земја е многу популарна туристичка дестинација, а најмногу брои туристи кои уживаат во бујната вегетација, старите плажи, контрастните пејсажи како и големата костариканска атракција: набљудувањето на ретките птици. Костарика е совршеното место за авантура и истражување, но и за семеен одмор.rnrn
rn
9. Перу
rnПеру ја крие магијата на Амазон и Анда, кои преставуваат и главни атракции на оваа земја која никого не го остава рамнодушен. Археолошките богатства и пронајдоци не завршуваат на Мачу Пикчу, бидејќи Перу поседува и многу други империи кои се наоѓаат во северниот дел од државата.rnrn
rn
10. Иран
rnОваа чудесна земја поседува голем број скапоцености на иранската архитектура, како што се музеите, дворците и палатите како и верските објекти. За љубителите на природата се препорачува посета на селото Гармех, опкружено со палми кои ќе ви овозможат да уживате во длабоката пустинска тишина. Покрај тоа, не заборавајте да го посетите и островот Киш каде можете да уживате во нуркачките активности.rnrn