КАФЕ ПАУЗА

10 работи кои никогаш не треба да ги жртвувате поради вашата врска

Да, поубаво е кога сте заедно, во врска, но има одредени работи кои не смееме и не треба да ги жртвуваме поради успешноста на самата врска. Погледнете ги најважните 10 од нив.rnrn10 работи кои никогаш не треба да ги жртвувате поради вашата врскаrn

1. Вашата среќа

rnВашиот партнер треба да ви донесе среќа и радост во вашиот живот, а не тага и грижи. Секако постојат мигови кога партнерот ќе ве растажи, но ако овие моменти се почести од моментите на среќа, тогаш убаво размислете…rn

2. Вашата забава

rnДали се смеете и заедно откривате нови нешта? Иако е нормално одвреме-навреме да дојде до несогласувања, вашиот однос воглавно треба да е забавен и среќен.rn

3. Вашата слобода

rnВо здрава врска би требало да можете да излезете сами и да уживате, а вашиот партнер да не биде вознемирен и загрижен поради тоа. Посесивноста е обично показател на несигурност, а тоа е личен проблем на партнерот кој не можете вие да го поправите.rn

4. Вашиот внатрешен мир

rnЗа да бидете среќни важно е да го сочувате внатрешниот мир. Ако вашиот партнер ве прави анксиозни, нервозни или вознемирени тогаш ќе се чувствувате депресивно и ќе сакате да се изолирате од останатиот свет.rn

5. Вашите искуства

rnЖивотот е возбудлив и во текот на животот ќе доживеете многубројни брилијантни нешта кои ќе ве направат позрели, помудри, посреќни и ќе ви помогнат да го пронајдете внатрешниот мир. Доколку поради партнерот не можете да пробате нови нешта и искуства, време е да се запрашате дали вреди.rn

6. Вашиот карактер

rnВашиот карактер е она што вие навистина сте, а вистинската личност тоа ќе го цени и сака и покрај сѐ. Во здрава врска ниеден од партнерите не треба да настојува да го промени карактерот на другиот, бидејќи треба да се сакаат онакви какви што навистина се.rn

7. Вашите врски со други луѓе

rnНа почетокот на врската, поголем број од паровите поминуваат низ фаза на меден месец, време на возбуда, заљубеност и постојано гледање и поминување време заедно. Меѓутоа ако сте заедно неколку месеци и ако не сте ги виделе пријателите и семејството, тоа може да укажува на посесивно однесување. Важно е да имате што повеќе здрави врски во животот, а преголемата зависност од партнерот дефинитивно не е здрава.rn

8. Вашите чувства

rnНајважно за една здрава врска е меѓусебното почитување и искрените обиди да се разберат чувствата и мислењата на партнерот, без предрасуди.rn

9. Вашите соништа

rnДобрата врска претставува партнерство – партнерите се поддржуваат на секој чекор. Сосема е нормално ако имате различни соништа, но и покрај тоа треба меѓусебно да се поддржувате.rn

10. Вашите верувања

rnВашите верувања се исклучително важни и никој освен вас не смее да се обидува да ги промени. Иако вашиот партнер не мора да верува во она што верувате вие, важно е да ги почитува вашите вредности. И вие неговите. Секогаш барајте ги сличностите, а не разликите.