Патиките може да се носат со капут, сако или пак со друга гардероба којашто се смета како сериозна. Но, покрај тоа, ова лето носете ги и со фустан. Можете да ги носите не само со долгите фустани во бохо стил, туку и со атрактивни чипкасти фустани, фустани во А-крој во стилот на педесеттите години или пак романтични фустани. Ако пак патиките се повпечатливи, фустанот треба да биде поедноставен и обратно. Па, во продолжение погледнете неколку предлози коишто може да ги испробате ова лето.rn
1. Светкавите шарени патики носете ги со еднобојни фустани
rnПатиките од светкав материјал се доста погодни за да ги комбинирате со фустан. Фустанот со слична боја е веќе проверена комбинација, додека пак, фустанот со контрастна боја е повеќе прилагодлив за храбрите девојки.rnrn
rn
2. Спојте го спротивното, спортското и женственото
rnПамучниот фустан со рамен крој спаѓа во омилените женски летни парчиња облека. Иако почесто се комбинира со балетанки и сандали, воопшто не е чудно да се комбинира и со патики. Ако паметно ги комбинирате боите, истовремено ќе делувате и модерно и женствено.rnrn
rn
3. Омбрето е присутно и кај патиките
rnВешто спојте ги различните стилови и креирајте сопствен и единствен стил. Ако не сте сосема сигурни, ограничете се на неколку слични бои. Кога ќе ги комбинирате различните стилови, можете да ги поврзете со боите и обратно, ако комбинирате повеќе бои во иста комбинација, држете се до еден стил.rnrn
rn
4. Оваа сезона носете металик
rnМеталик материјалите се издвојуваат како еден од главните трендови оваа сезона, а се забележуваат кај сите модели. Прекрасен избор се сребрените патики. Нив можете да ги носите секојдневно, со сè, затоа што ќе ви ја освежат секоја комбинација.rnrn
