КАФЕ ПАУЗА

Застарени модни правила

Застарени модни правила

Модниот свет поставува трендови и правила кои остануваат долго да владеат. Сепак, најкреативните поединци секојдневно покажуваат дека правилата не секогаш мора да бидат почитувани поставувајќи нови граници за модерното и урбаното. Ова се само дел од правилата кои пополека стануваат минато.rnrnЗастарени модни правилаrn

Не комбинирајте ги црната и кафената боја

rnМногумина црната ја гледаат како боја која може да се искомбинира со сите останати. Сепак, сите ја знаат лекцијата дека во ниеден случај не треба да се комбинира со кафена боја. Во денешно време многу девојки го докажуваат спротивното, комбинирајќи ги овие две бои на стилски начин и за волја на вистината овој пар може да си одговара перфектно.rnrnЗастарени модни правилаrn

Не комбинирајте злато со сребро

rnДоколку дизајнерите на накит немаат проблем да обединуваат златни и сребрени елементи на едно парче, зошто вие би имале проблем да ги ставите во комбинација во рамките на вашиот целокупен изглед. Според стилистите и дизајнерите на накит, оваа комбинација сè повеќе почнува да се почитува.rnrnЗастарени модни правилаrn

Чевлите мораат да одговараат со чантата

rnОва правило особено се прекршува доколку чевлите се во иста боја со вашата облека, па се одбира чанта во боја која ќе разбива. Исто така, можете да изгледате неверојатно комбинирајќи три бои од вашата гардероба. Колку поедноставно сте облечени, толку ви е поголем изборот за чевлите и чантата.rnrnЗастарени модни правилаrn

Сината и зелената не одат заедно

rnОваа констатација е многу погрешна, особено доколку станува збор за морнарска сина боја, која се смета за втора црна и оди во секаква комбинација, па дури и со зелената. Бебешката сина е многу потешка за комбинирање, но и онака не треба да доминира во вашиот плакар по петнаесеттата година.rnrnЗастарени модни правилаrn

Хулахопки и отворени потпетици се лоша комбинација

rnОва правило особено се практикувало за проѕирни хулахопки кои и онака се поретко се носат. Секогаш можете да облечете хулахопки со интересен дезен, комбинирајќи ги со отворени потпетици на плута и да изгледате одлично. Запомнете, оваа комбинација не се препорачува да се изведува со елегантни чевли.rnrnЗастарени модни правилаrn

Спакувајте ја летната облека

rnОва правило дефинитивно е најзастарено од сите. Облекувањето во слоеви е сè почест тренд, а парчињата летна облека секогаш се најдобриот избор за комбинирање. Организирајте го плакарот и користете ја зимската со летната облека за да изгледате тренди и модерно.Застарени модни правилаrnrnНекои работи, сепак се недозволени во модата. Ве предупредуваме за модните катастрофи кои секако треба да ги избегнувате. И не заборавајте, во тек е пролетната сезона со нови модни правила и стилови. Одлучивте каков ќе биде вашиот?rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.