КАФЕ ПАУЗА

21 знак дека доживувате „губење на душата“

Во нашето општество се појавува еден таинствен феномен кој е познат како „губење на душата“. Го доживуваат луѓе од сите старости, полови, раси и потекла.rnrnГубењето на душата е појава која на домородците им е позната илјадници години и тие ја сфаќаат како резултат на внатрешната фрагментација предизвикана од незнаењето, трауматичните искуства, односно од интензивниот шок на телото и психата.rnrnКога доживуваме губење на душата, дел од нашата душа – или животната есенција, се крие или се исклучува, спречувајќи нè да го изразуваме и доживуваме нашиот потенцијал и целесообразност на човечкото битие.rnrn1-21-znak-deka-dozhivuvate-gubenje-na-dushata-kafepauza.mkrnrnЧестопати, цели аспекти на нашата психа се целосно блокирани. Иако, на многумина „губењето на душата“ може да им звучи непријатно познато, тоа искуство е обично привремено и со правилна духовна работа, изгубените елементи на нашето сепство можат да се реинтегрираат во нашите животи.rn

Што претставува губењето на душата?

rnВо филозофијата на шаманизмот, основното разбирање за губењето на душата е објаснето на следниов начин: делови од нашата душа патуваат во други сфери или алтернативни реалности, а понекогаш можат да бидат и опседнати со духови. Од шаманистичка перспектива – ако тие делови од нашата душа не се вратат назад, тогаш нема да можеме да ги пронајдеме внатрешната исполнетост и целосност. Пред настанокот на психологијата, ова објаснување било единствениот начин на кој првобитните култури можеле да си ја објаснат ваквата невообичаена појава, за да го пронајдат нејзиниот лек – што било возможно.rnrnГубењето на душата е всушност правило, а не исклучок. Како поединци, освен ако не станеме разбудени души, ја губиме душевната енергија секогаш кога се идентификуваме со нашето его; секогаш кога бараме чувство на исполнетост преку зависност, стимулација, догматски уверувања, условени односи и работохоличарство.rnrnОсвен нашата неспособност да се чувствуваме целосно, кога доживуваме губење на душата почнуваме да доживуваме и чувство на слабост, умор, депресија, тегоба и празнина. Ние само знаеме дека нешто недостасува во нашиот живот – но многумина од нас не знаеме што е тоа.rnrnРазбирањето на губењето на душата како губење или делење од највиталните делови од себството, во психологијата се нарекува „дисоцијација“ – корен на многу ментални болести.rnrn2-21-znak-deka-dozhivuvate-gubenje-na-dushata-kafepauza.mkrn

Психолошка позадина на губењето на душата

rnВо оној момент кога ќе ја спознаеме нашата душа (или свест) како сила на енергијата, сѐ што создава редукција на таа енергија ќе резултира со безволие и депресија. Да се направи дисбаланс во внатрешната психа значи да се дозволи делови од карактерот да станат независни и така да излезат од контролата на свесноста.rnrnПсихологот Карл Јунг го сфаќал овој процес како врска со нашето „психичко либидо“. Јунг сметал дека нашите психолошки особини се составени од различни „комплекси“ (или делови од нашиот поим за себеси), а главниот комплекс, кој е одговорен за контрола врз нас, е нашето „его“, кое претставува ментална слика која ја имаме за себе и за она што мислиме дека сме. Нашата свесна енергија може да биде ослабена поради тоа што еден од тие комплекси ја губи контролата врз егото и станува автономен, при што ја впива целата енергија од нашето психичко либидо и создава психолошка нерамнотежа која ја разнишува нашата природна целост.rnrnШто го предизвикува ваквото еманципирање на некој наш комплекс, кој станува тиранин што ја узурпира нашата свест? Одговорот е често таков што како „виновници“ за ваквиот феномен се наведуваат идентификувањето со нешто штетно и преживувањето на некој вид траума.rnrn3-21-znak-deka-dozhivuvate-gubenje-na-dushata-kafepauza.mkrn

Пример кој може да ни помогне подобро да разбереме

rnЗамислете едно мало дете кое е злоставувано и малтретирано. За да го поднесе ваквото страшно искуство, детето бега на тој начин што се дистанцира и живее во некој свој свет. Во процесот на самозаштита, детето создава различни алтер-ега или целосно различни личности внатре во себе, како еден вид одбранбен механизам.rnrnВо психологијата ова се смета за „нарушување на повеќекратна личност“ (познато и како растројство на дисоцијативен идентитет). Лесно е да се разбере зошто племенските култури тоа го сметале за губење на душата. Меѓутоа, во суштина, психолошката дисоцијација (одвоеност) е природен начин на заштита на нашиот психички организам против силните трауми преку блокирање на тие ситуации.rnrnСепак, на крајот на краиштата, наша одговорност е да го штитиме нашиот организам, нашата душа. Меѓутоа, губењето на душата или психолошката дисоцијација не е ограничена на тие екстремни случаи и може да се најде во различни животни ситуации.rnrnЗависноста, нарушувањата во исхраната, растројствата во идентитетот, посттрауматскиот стрес, депресијата, нарцисоидното однесување, ниската самодоверба и проблемите со неприлагодувањето се сѐ почести предизвикувачи на губењето на душата во нашето површно, брзо, материјално, модерно општество кое е лишено од секое чувство на светост.rnrnМладата жена која сонува да стане уметник, но мора да ги оствари очекувањата на своите родители и да стане доктор, ќе изгуби дел од својата душа, игнорирајќи еден есенцијален дел од своето битие. Претпоставете дека младата жена ќе продолжи напред и ќе го следи својот сон да стане уметник, но длабоко во себе и понатаму ќе зависи од одобрението на своите родители. Тогаш таа или ќе ги обвинува родителите или ќе избегнува да преземе одговорност за реализирањето на својот сон, или пак ќе развие ниска самодоверба бидејќи не е прифатена од страна на своите родители. Оваа приказна може да ви се чини позната. За среќа, постојат многу начини како одново да ја најдете целоста и да го поттикнете развојот на автентичноста, самоистражувањето, љубовта кон себеси и себетрансформирањето.rnrn4-21-znak-deka-dozhivuvate-gubenje-na-dushata-kafepauza.mkrn

Знаци на губење на душата

rnПостојат многу физички, психолошки и духовни симптоми поврзани со губењето на душата. Кога го доживуваме овој феномен, резултатите ќе се гледаат во губењето на душевната енергија или самата виталност на нашиот живот. Ова губење на енергија ни го оневозможува живеењето на здрав, исполнет и креативен живот. Понекогаш губењето на душата може да трае цел живот што резултира во развој на самодеструктивна личност која често колоквијално ја нарекуваме „изгубена душа“. За да ги обновиме изгубените делови од себеси и одново да воспоставиме рамнотежа, да имаме цел и да бидеме фокусирани, мораме да ги идентификуваме симптомите на изгубените души во себе.rnrnСледуваат некои од најчестите симптоми:rn

    rn011

  1. Некои сеќавања и делови од вашиот живот се блокирани.
  2. rn011

  3. Поминувате низ периоди на депресија.
  4. rn011

  5. Се чувствувате како некои делови во вас да недостасуваат или се скршени.
  6. rn011

  7. Чувствувате општа парализираност во животот.
  8. rn011

  9. Ве преплавуваат чувства на страв и анксиозност.
  10. rn011

  11. Поминувате низ долги периоди на несоница.
  12. rn011

  13. Се чувствувате изгубени или нецелосни.
  14. rn011

  15. Се чувствувате како „друга личност“ после некоја шокантна или трауматична случка.
  16. rn011

  17. Се чувствувате неспособни да решите некои проблеми во вашиот живот.
  18. rn011

  19. Се чувствувате разочарани од животот.
  20. rn011

  21. Се чувствувате како да постојат повеќе „личности“ во вас.
  22. rn011

  23. Се обидувате да побегнете од проблемите, свртувајќи се кон алкохолот, телевизијата или претераната зафатеност.
  24. rn011

  25. Се чувствувате недостојни за љубов.
  26. rn011

  27. Ја доживувате темната страна на душата.
  28. rn011

  29. Сакате да си ја најдете својата цел и смисла во животот.
  30. rn011

  31. Се чувствувате како вашиот секојдневен живот да е бесмислен.
  32. rn011

  33. Избегнувате да се чувствувате ранливи и ги држите другите подалеку од вас.
  34. rn011

  35. Посакувате целосност и чувство на припадност.
  36. rn011

  37. Понекогаш се чувствувате како да немате контрола над себе.
  38. rn011

  39. Постојано чувствувате психичка и физичка премореност без за тоа да постои медицинска причина.
  40. rn011

  41. Копнеете по автентичност и целосно прифаќање на себеси.
  42. rn

rnЗа да ги пронајдете изгубените фрагменти од вашата душа и да го обезбедите нивното враќање во вашиот живот, најпрвин треба да научите да го живеете животот во рамнотежа и да се сакате и почитувате себеси.rnrnДа научите да ги реинтегрирате изгубените елементи од вашата душа преку вежбање инволуција, значи да живеете живот кој е промислен, со фокусирано срце и совршен баланс на психата и телото.