9 „пријатели“ кои треба да ги избришете од Фејсбук

9 „пријатели“ кои треба да ги избришете од Фејсбук

Додека да трепнете, вашиот Фејсбук профил може да стане „прифатилиште“ за луѓе со кои веќе не комуницирате, поранешни колеги од работа и факултет кои обожаваат да објавуваат за своите „прекрасни и гламурозни“ животи, досадни познаници кои сте ги сретнале само еднаш во животот или уште полошо, никогаш не сте ги сретнале… Да бидеме реални, луѓето со кои комуницирате во дигиталниот свет можат да имаат сериозно влијание врз вашето здравје и среќа.

9 „пријатели“ кои треба да ги избришете од Фејсбук

Следуваат неколку „пријатели“ на кои веројатно треба да им речете виртуелно до видување:

1. Фалбаџијата

Да, можеби беше забавно да ги разгледувате неговите фотографии од одмор и да дознаете што сѐ правел. Но, неговите постови за тоа колку неговиот живот е неверојатен ве прави да се чувствувате неспособни за да имате забава и возбудливост во вашиот живот. Избришете ги сите оние кои прават да се чувствувате виновно за нештата со кои сте благословени и оние кои ве прават да се чувствувате како супер непопуларни.

2. Кавгаџијата

Веќе знаете за кого станува збор: тој или таа го користи Фејсбук исклучиво како платформа за расправање. Ваквите луѓе често имаат контроверзни погледи кои резултираат со низи коментари и постови на расправии за тоа кој е во право и кој е попаметен. Политика, култура, дури и обични теми од типот што има за ручек можат да се претворат во огромна дебата. *Избриши од пријатели*

3. Учесникот во реално шоу

За него не постои зборот приватност. Освен што ја споделува целата својата интима со јавноста, често знае и да се расправа со неговиот партнер во јавна објава, па дури и да му раскине. Можеби одреден период е забавно да ја следите „драмата“, но потоа веќе станува срамно и досадно.

4. Криптичниот тип кој комуницира исклучиво преку кодови и загатки

Што е полошо од личноста која јавно ја објавува целата своја интима? Личноста што не открива ништо за себе. Ваквите личности секогаш споделуваат нешто само со одреден круг на луѓе и сѐ прават приватно, но на најјавниот можен начин. „Толку сум лута – не ми се верува дека некои луѓе можат да направат такво нешто… Посветено.“ Кои луѓе? Што направиле? Кога веќе кажуваш, раскажи докрај. Овие луѓе го прават ова за да привлечат внимание и вие не треба да им го давате. Избришете ги и од Фејсбук и од животот.

5. Гејмерот

Сите ги мразиме тие досадни покани за „Candy crush“ или „Criminal case“, иако овие игри знаат да бидат доста заразни. Запрете ја целосно комуникацијата со луѓето кои не ги ни знаете којзнае колку, а ви испраќаат покани за игри. Не ви требаат. Доколку се работи за некој со кого сакате да го задржите пријателството, пак, само кажете му дека не сакате повеќе да ви испраќа покани.

6. Гордиот родител

Познато ви е: таткото кој не може да престане да се фали со достигнувањата на своите деца или бабата која не може да престане да објавува албуми од своите внуци. Во ред е, разбравме, си ги сакате децата и некои од фотографиите некогаш се интересни, ама мора да престанете да го преплавувате нашиот ѕид со вашата совршена фамилија!

7. Критичарот

Тие се секогаш првите кои го критикуваат она што сте го направиле или рекле. „Тоа не е многу здраво за тебе“ – ќе напишат, кога ќе објавите фотографија од десертот кој само што сте го направиле или „Не си во право“ – кога ќе објавите нешто што ги засега моменталните случувања. Во ред е да водите дебати до некој степен и критички да размислувате, но не треба да дозволите некој да ви диктира како да го користите вашиот Фејсбук профил. Ако на некој тоа не му се допаѓа, направете му услуга и избришете го.

8. Шефот

Не е баш јасно зошто би ги имале вашите шефови или професори на Фејсбук (освен ако навистина не сте добри пријатели), но се препорачува да ги избришете. Дали навистина сакате да гледаат сѐ што објавувате? Ќе почнат да сфаќаат зошто сте доцнеле 10 минути на работа или на факултет наредниот ден токму поради таа фотографија од клубот од минатата вечер.

9. Странецот

Сигурно нема да разговарате со некои од вашите Фејсбук пријатели во живо, па направете едно дигитално чистење и избришете некои од луѓето кои навистина нема да ви недостигаат. На тој начин Фејсбук ќе стане место каде можете да бидете во контакт со оние со кои навистина сакате. И, веројатно нема да им недостасувате на тие што ќе ги избришете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар