Цимет, јајца, ореви… Доколку сакате да бидете поздрави, нутриционистите ширум светот ги препорачуваат следниве неколку прехранбени производи кои без сомнение треба почесто да ги јадете.rnrn
rn
1. Шумско овошје
rnРибизлите, капинките и боровинките се најчестиот избор на нутриционистите кога посакуваат нешто слатко. Ваквите овошки изобилуваат со влакна и витамини, но исто така содржат и антиоксиданси кои позитивно делуваат на стареењето. Највисоко ниво на антиоксиданси имаат капинките и рибизлите.rn
2. Леблебии
rnСо само 50 грама леблебии, вие добивате огромна количина влакна, протеини, здрави јаглехидрати и здрави масти.rn
3. Авокадо
rnАвокадото е плод кој би требало редовно да биде на вашето мени бидејќи е одличен извор на здрави масти. Тоа добро ќе ве засити, па затоа и нема толку често да посегнувате по нездравата храна. Покрај тоа, авокадото има одличен вкус и е многу едноставно за подготовка.rn
4. Квиноја
rnТаа наликува на житарици, но обилува со протеини и ги содржи сите потребни аминокиселини. Содржи повеќе протеини од сите преостанати житарици, дури 5 грама на секои 170 грама квиноја. Исто така, таа е богата и со омега-3 масни киселини.rn
5. Млеко од бадем
rnБез разлика што мислите за млечните производи, тие се тешки за избегнување или за целосно исфрлање од исхраната бидејќи се насекаде. Ако и вие сте љубители на млечните производи, тогаш мора да го пробате бадемовото млеко. Тоа има слична густина како кравјото млеко, но содржи двојно помалку калории од него и е богато со витаминот Е.rn
6. Екстра девствено маслиново масло
rnОва масло изобилува со антиоксиданси и добри мононезаситени масни киселини, а покрај тоа е и многу вкусно. Но, кога купувате екстра девствено маслиново масло, внимавајте да биде во што потемно стаклено шише бидејќи светлината може да предизвика тоа да оксидира и да ја изгуби нутритивната вредност.rn
7. Цимет
rnОвој здрав зачин е пожелно да го консумирате апсолутно секој ден. Само половина лажичка дневно е доволно за позитивно да влијае врз регулацијата на шеќерот во крвта. Токму поради оваа причина, циметот е одлично решение кога ќе ви падне шеќерот и кога ќе посакате нешто слатко.rn
8. Јаткасти плодови
rnМногу луѓе ги избегнуваат заради тоа што се калорични, но всушност е докажано дека мононезаситените киселини кои тие ги содржат помагаат при регулирањето на телесната тежина. Тие се одличен извор на протеини, антиоксиданси, витамини и минерали.rn
9. Сок од лимон
rnДоволна е една чаша вода со сок од лимон наутро за да помогне во регулирањето на pH вредноста на вашиот организам, што е добро за целокупното здравје, како и за имунолошкиот систем. Исто така, ќе ви помогне и во регулацијата и забрзувањето на метаболизмот.rn
10. Грчки јогурт
rnНутриционистите се малку опседнати со грчкиот јогурт, но со добра причина. Тој има двојно повеќе протеини и двојно помалку шеќери од обичниот јогурт, изобилува со пробиотици кои го зајакнуваат имунитетот, а поради намаленото количество лактоза се препорачува дури и за лицата кои не поднесуваат млеко и млечни производи.rn
11. Кељ
rnКељот е богат со витамините К, А и Ц, како и со влакна и калциум. Исто така е богат со антиоксиданси кои ја спречуваат појавата на карцином, така делува и против најразлични воспаленија.rn
12. Јајца
rnЈајцата се често критикувани поради холестеролот, но бројните истражувања покажуваат дека не постои значајна врска помеѓу консумацијата на јајца и срцевите болести. Освен тоа, јајцата се богати со протеини и имаат само 70 калории, а многу витамини и минерали.
