Подарокот кој сте го направиле сами е секогаш подобар од оној за кој сте платиле. Тој има многу поголемо значење. За да ви помогнеме во оваа задача, решивме да го споделиме со вас ова одлично видео кое ќе ви покаже како да го направите совршениот зимски подарок за сопствениците на смартфони.rnrn
rnrnЕдинствениот проблем со кој се соочуваме за време на студените денови е недостатокот на одговор од екраните на нашите уреди додека носиме ракавици. Но, со помош на овој едноставен трик, вие ќе можете без прекин да го користите вашиот смартфон додека истовремено прстите ви се на топло. Сè што ви е потребно се дебели ракавици и метален конец. Погледнете го видеото за подетално упатство.rnrn
Направете сами: Топли ракавици кои нема да ве спречуваат да го користите вашиот смартфон
