Да не дојде до големи проблеми, хороскопот ни ги открива оние знаци кои треба да ги избегнувате кога станува збор за љубовни врски. Доколку ги следите овие совети, вие полесно ќе најдете љубов и ќе бидете посреќни во вашата врска.rnrn
rn
Овен со Близнаци, Девица и Риби
rnОвните обожаваат љубовни авантури и често знаат да влетаат во нив без претерано размислување. Близнаците и Девиците не им одговараат бидејќи постојано се караат со нив, додека Рибите се премногу емотивни за нивен вкус.rn
Бик со Стрелец, Овен и Близнаци
rnБиковите се совршени за сериозни врски, но само кога ќе ја најдат онаа личност која е идеална за нив. Тие најмалку се согласуваат со Овните бидејќи имаат силен карактери кој води кон расправии, како и со Стрелците и Близнаците.rn
Близнаци со Риби, Рак и Бик
rnБлизнаците не сакаат да бидат покрај предвидливи личности. Тие исто така ги избегнуваат и оние кои имаат мали амбиции. Во овие категории спаѓаат Биковите, Раковите и Рибите, па токму затоа и врската помеѓу нив не би можела да биде успешна.rn
Рак со Овен, Близнаци и Стрелец
rnРаковите се емотивни и романтични личности кои обожаваат да се трудат околу вистинската љубов. Тие не сакаат егоизам. И покрај тоа што ги привлекуваат Стрелците, не можат да бидат со нив бидејќи немаат доверба. Истото се случува и со Близнаците и Овните.rn
Лав со Близнаци, Риби и Јарец
rnЛавот го одбиваат оние личности кои се негативни и кои постојано се грижат за нешто. Тие сакаат сигурност и секогаш да бидат на вистинското место со својот партнер. За нив, Близнаците премногу размислуваат, Рибите се премногу емотивни, а Јарците премногу тешки за справување.rn
Девица со Вага и Овен
rnДевиците се пребирливи и внимателно го одбираат својот партнер. Тие не сакаат луѓе кои се прават паметни, ниту пак оние кои се пасивни. Токму затоа и најлошо им оди со Овните, како и со Вагите кои не знаат како да ја прифатат нивната критичност.rn
Вага со Рак, Скорпија и Девица
rnВагите не се согласуваат со Девиците бидејќи се премногу комплицирани за нив, ниту пак со песимистичните Скорпии и претерано традиционалните Ракови. Тие исто така не ги сакаат и оние кои лажат и во кои не можат да имаат доверба.rn
Скорпија со Овен и Близнаци
rnСкорпиите се во постојана потрага за врски во кои се чувствуваат исполнето во секој поглед. Со Овните не можат да бидат тоа што се, бидејќи постојано се расправаат, додека пак покрај Близнаците и Стрелците никако не можат да се чувствуваат сигурно.rn
Стрелец со Бик и Девица
rnСтрелците не можат да бидат во врска со личности кои немаат цел во својот живот. Најлошата комбинација за врска им е со Биковите кои се премногу посесивни, како и со Раковите и Девиците кои не знаат како да бидат спонтани.rn
Јарец со Овен, Близнаци и Девица
rnОвните се премногу наивни и нестрпливи за Јарците, па затоа и не можат да функционираат како пар. Јарецот во љубовта делува ладно и без доверба со цел да се одбрани од разочарувањата, па токму тоа им влијае негативно во врската со Стрелците и Близнаците.rn
Водолија со Бик, Рак и Девица
rnИако Водолиите лесно се заљубуваат, кога се во врска се чувствуваат како да се во кафез од кој не можат да избегаат. Тие не можат да бидат со досадни и предвидливи луѓе. Не се согласуваат со Бикот бидејќи не им овозможува стабилност, а Ракот и Девицата им се здодевни.rn
Риби со Овен и Близнаци
rnЕмотивните Риби постојано го бараат партнерот од соништата и ги одбегнуваат оние кои се површни и немаат своја цел во животот. Тие не ги сакаат агресивните Овни, Близнаци и Лавови кои многу добро знаат да манипулираат со нив.