За сите оние коишто се активни на моментално најпопуларната социјална мрежа, Инстаграм, големиот број срценца претставува вистински предизвик. За тоа да се спроведе на дело, мора да се почитуваат одредени правила кои ги препорачуваат експертите за оваа социјална мрежа, а кои денес ние ви ги откриваме вам.rnrn
rn
1. Да, срценцата се поважни од коментарите
rnИако и срценцата и коментарите на Инстаграм имаат своја важност, сепак срценцата се малку поважни од коментарите. Коментарите можат да бидат кул, но срценцата се оние кои ви носат поголема популарност на оваа социјална мрежа, па затоа подобро е да имате, на пример 1.000 срценца и „само“ 22 коментари.rn
2. Содржината е клучот
rnДоколку сакате да имате повеќе срценца на Инстаграм, содржината е клучот за вашиот успех. Едноставно, ако фотографијата не е добра, на никого нема да му биде грижа ниту пак ќе имате доволен број срценца. Затоа е многу важно да обрнете внимание на тоа што се наоѓа на вашата фотографија, на нејзиниот квалитет, но и на хаштаговите кои ќе ја направат пребарувана. Со други зборови, вашата фотографија треба да биде светла, кул и естетски потполно прифатлива.rn
3. Пронајдете инспирација на вистинското место
rnМногу е важно вашата инспирација да биде адекватна, па затоа немојте да ја барате само во светот на модата, туку побарајте ја и во другите области како што се музиката, уличната уметност, културата… Тоа важи и за фотографиите кои самите ќе ги фотографирате, но и за оние кои сте ги пронашле на други сајтови.rnrn
rn
4. Не го објавувајте она што сите други го објавуваат
rnДоколку сакате да имате што повеќе срценца на Инстаграм, никогаш не го објавувајте она што другите го објавуваат, бидејќи порано или подоцна луѓето ќе се заситат. Затоа секогаш трудете се она што го објавувате на оваа социјална мрежа да биде едноставно, и ако е возможно, дотогаш невидено.rn
5. Тагирајте ги брендовите и искористете ја предноста на нивните хаштагови
rnДоколку фотографирате модни постови, задолжително тагирајте го брендот што го носите и искористете ја предноста на хаштаговите кои овие брендови ги користат во својата кампања. Тоа е најдобар начин да го привлечете вниманието на себе и со самото тоа да привлечете луѓе и да довиете поголем број срценца.