Чоколадните парчиња за сендвичи станаа реалност!

Сподели

Докторите со години ни препорачуваат да ставаме чоколадо во нашите сендвичи и Јапонија конечно го оствари тоа. Јапонската компанија „Бурбон“ започна да произведува и да продава чоколадни парчиња кои наликуваат на парчиња кашкавал.

Реклама

Секое пакување се состои од 5 парчиња чоколадо со дебелина од 2 мм, а може да се купи и на интернет каде за 3.240 јапонски јени (1.520 денари) ќе добиете 12 пакувања. Чоколадото „нама“, кое се користи при изработката на парчињата чоколадо, е меко и со поинтензивен, побогат вкус отколку млечното чоколадо.

Нивната форма ги прави идеални за да ги јадете со топли вафли или палачинки, бидејќи така побрзо ќе се стопат до совршенство.

Популарно

Може ќе ве интересира