5 правила за облекување кои ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно на празничните фотографии

5 правила за облекување кои ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно на празничните фотографии

Со оглед на тоа што станува збор за празничен период во кој има многу дружење со најблиските, големи се шансите дека поголемиот дел од времето ќе се наоѓате зад нечиј објектив со цел да ги овековечите овие среќни моменти. Имајќи го тоа на ум, постојат неколку фактори кои одлучуваат дали ќе испаднете убаво на фотографиите или не. Еден од најважните фактори е токму облеката која ја носите. Погледнете ги следниве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја одберете совршената модна комбинација со чија помош ќе изгледате одлично на празничните фотографии.

5 правила за облекување кои ќе ви помогнат да изгледате беспрекорно на фотографиите

1. Внимателно со дизајнот

Материјалите со силни и живи бои, како ситно карираните дизајни не изгледаат многу добро на фотографијата. Зависи од самите бои, но тие понекогаш делуваат и многу агресивно. Ниту еден дизајн не е забранет, но пред да одлучите токму тоа да го облечете најпрво направете сами неколку тест фотографии со цел да откриете како ќе изгледа на вас. Исто така имајте на ум дека широките вертикални линии на облеката можат да го искриват изгледот на телото и да направат да изгледате чудно на фотографиите.

2. Јасни бои и долги фустани

Ако не знаете што да облечете за одредена пригода, никогаш нема да згрешите доколку одберете долг фустан. Тој секогаш ѝ ласка на женската фигура и прави да изгледате беспрекорно. Долгиот фустан визуелно го исправува вашето држење и прави да изгледате посамоуверено. Кога станува збор за боите, одбирајте ги оние кои се јасни и не се преливаат во други нијанси.

3. Избегнувајте светликава текстура

Доколку се фотографирате во светликави материјали како што се пластика, гума и винил (или монистри), големи се шансите дека нема да бидете задоволни со крајниот резултат. Одблесокот од материјалот ќе предизвика црни точки на фотографиите. Доколку сакате светкави додатоци, најдобро би било доколку одберете накит или каиш. На тој начин истовремено ќе го нагласите вашиот карактер, но и одлично ќе испаднете на фотографиите.

4. Тајно оружје

Избегнете го фотографирањето со мала писмо чанта во вашите раце. Не само што овој моден додаток го одвлекува вниманието од вашето лице и тело, туку и предизвикува да застанете во неприродна форма која не изгледа добро на фотографиите. Од друга страна пак, носењето високи потпетици ќе направи да изгледате поженствено и ќе ја издолжи вашата фигура. Штиклите се секогаш плус за празничните фотографии.

5. Сенки на вашето лице

Со цел да ги избегнете темните сенки на вашето лице и лошите фотографии, воздржете се од позирање со големи шешири. Тие исто така можат и да го блокираат погледот кон вашите очи, резултирајќи со чудна фотографија од која нема да бидете задоволни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар