КАФЕ ПАУЗА

7 видови девојки што ќе ги видите на Фејсбук профилот на вашиот бивш дечко

Раскинувањата настануваат со причина. Најчесто станува збор за некомпатибилност на повеќе полиња што едноставно не може да биде надмината. Откако ќе се разделите, постои период на тишина, кога нема да имате можност да гледате многу активност на неговите социјални мрежи. Но, по некое време, тој ќе запознае нова девојка со која сигурно ќе се пофали на социјалните мрежи. Еве што можете да очекувате од неговиот избор…rnrn(0) 7 видови девојки што ќе ги видите на Фејсбук профилот на вашиот бивш дечкоrn

1. Таа што ви е многу позната

rnНеговата нова девојка има брановидна кафена коса и секогаш носи црно, баш како… вас? Освен тоа, сите нејзини фотографии на профилот се сцени од вашата омилена ТВ серија. Почнува да изгледа како вашиот бивш дечко да се забавува со некоја што е ваша сродна душа, а не негова – па токму тоа и ве чини уште побесни! Зошто раскинал со вас, за да биде со… вас?rnrn(1) 7 видови девојки што ќе ги видите на Фејсбук профилот на вашиот бивш дечкоrn

2. Модерна фатална девојка

rnСекое нејзино парче облека е од познат бренд, и најверојатно чини повеќе од целата облека што вие ја поседувате. На своите фотографии е опколена барем со уште 5 други личности, а кога не е премногу зафатена со излегувања, таа создава слатки, но провокативни фотографии со него. Без разлика колку е висока вашата самодоверба, оваа девојка секојдневно ќе ве потсетува дека имате огромна конкуренција во светот.rnrn(2) 7 видови девојки што ќе ги видите на Фејсбук профилот на вашиот бивш дечкоrn

3. Совршен ангел

rnСе чувствувате како да морате да ја мразите поради околностите во кои сте чуле за неа, но таа делува толку добро, слатко и невино што едноставно не можете да ја задржите горчината. Секое нејзино селфи е нагласено со прекрасна насмевка и бескрајна колекција цветни фустани – и едноставно знаете дека кога би ја запознале во живо, вие од неа би добиле само убави зборови. Никогаш нема да престанете да ја загледувате во надеж дека ќе пронајдете трошка несовршеност што би можела да ја оправда сета ваша лутина.rnrn(3) 7 видови девојки што ќе ги видите на Фејсбук профилот на вашиот бивш дечкоrn

4. Поранешна најдобра пријателка

rnМомчето со кое сте оделе на сладолед сега спие со девојката со која пред него сте оделе на сладолед. Поради некое чудно сожалување, тие чекале неколку месеци пред да почнат да делат заеднички фотографии на социјалните мрежи, но сега секојдневно имате можност да ги гледате како уживаат во нивните заеднички прегратки. Се чувствувате предадено и збунето бидејќи и покрај тоа што поминало повеќе време, вам ви изгледа едноставно нереално.rnrn(4) 7 видови девојки што ќе ги видите на Фејсбук профилот на вашиот бивш дечкоrn

5. Комплетна спротивност

rnВие не сте ни знаеле дека на вашиот бивш дечко му се допаѓаат филмовите „Војна на ѕвездите“, ниту пак дека е заинтересиран за девојки со пирс. Токму затоа и се чувствувате сосема неутрално, најмногу затоа што одлучил да ја избричи својата глава и веќе не изгледа како нежното момче кое обожававте да го прегрнувате и со кое си го замислувавте животот во иднина.rnrn(5) 7 видови девојки што ќе ги видите на Фејсбук профилот на вашиот бивш дечкоrn

6. Интернационална мистериозна жена

rnНејзиниот профил е многу приватен, а на неговиот ѕид пишува исклучиво на француски јазик (поради што сега се каете дека не сте внимавале на часовите по француски јазик во училиште). Немате идеја со што се занимава таа, но претпоставувате дека е нешто уникатно, како модел за раце. Нејзината утринска мејкап рутина најверојатно е само миење на лицето, а сигурно знае да свири и на барем 4 музички инструменти. Потајно сте заљубени во неа, без разлика која е.rnrn(6) 7-vidovi-devojki-shto-kje-gi-vidite-na-fejsbuk-profilot-na-vashiot-bivsh-dechko-www.kafepauza.mkrn

7. Девојка со која сè има смисла

rnНе само што конечно ја нашол девојката со која може да оди на фудбалски натпревари, туку таа има и дрес од неговиот омилен тим. Ах, и не само што го дели неговиот ентузијазам за пиво, туку и заедно посетуваат пивници. Изгледа тие имаат многу заеднички нешта и таа нема потреба да глуми дека ги обожава неговите омилени ТВ серии. Поради неа разбирате дека сè се случува со причина и дека луѓето што треба да бидат заедно – едноставно завршуваат едни со други, без разлика на препреките во животот. Потајно сте среќни и се тешите со идејата дека никогаш повеќе не мора да посетите уште еден џез концерт.rnrn(7) 7 видови девојки што ќе ги видите на Фејсбук профилот на вашиот бивш дечко