Ангелите на Викторија советуваат: Вежби за тело од соништата

Ангелите на Викторија советуваат: Вежби за тело од соништата

Ангелите на Викторија имаат беспрекорен изглед кој многумина жени го посакуваат. Токму затоа и овие модели ја откриваат тајната за начинот на кој секоја година се подготвуваат за незаборавната ревија, која овој пат ќе се одржи на 10 ноември. Нивните совети се поедноставни одошто мислите и доколку ги следите, гарантираат дека ќе го добиете телото од вашите соништа.

Адријана Лима

(1) Ангелите на Викторија советуваат: Вежби за тело од соништата

Оваа прекрасна девојка од Бразил се занимава со боксување од своите тинејџерски денови, тренирајќи со Дина Спенсер, која е експерт за боречки вештини.

Сара Сампајо

(2) Ангелите на Викторија советуваат: Вежби за тело од соништата

Убавицата од Португалија вели дека за нејзиниот добар изглед е заслужен пилатесот. Таа на Инстаграм открила дека овој вид физички активности ѝ помогнале да ја победи честата болка во грбот.

Џиџи Хадид

(3) Ангелите на Викторија советуваат: Вежби за тело од соништата

Оваа млада манекенка која е дел од ангелите на Викторија само една година, вели дека својата линија ја одржува преку утрински часови по балет и вечерни напорни тренинзи во теретана.

Лили Олдриџ

(4) Ангелите на Викторија советуваат: Вежби за тело од соништата

Со оглед на тоа што оваа година прв пат ќе го носи „градникот од фантазиите“, таа признала дека последниве неколку недели тренира сè потешко, два пати дневно – 1 час наутро и половина час попладне.

Алесандра Амброзио

(5) Ангелите на Викторија советуваат: Вежби за тело од соништата

Како и многу други нејзини колешки, така и таа најмногу сака да вежба во балетската сала со цел подобро да се подготви за ревијата која следува.

Марта Хант

(6) Ангелите на Викторија советуваат: Вежби за тело од соништата

Оваа убавица тренира со Џастин Гелбандон, експерт за линијата на модели. Нејзиното вежбање вклучува пилатес, бокс и теретана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар