5 хумористични ТВ серии кои можат да ви ги исполнат студените викенди

Сподели

Доколку сте заинтересирани за нова ТВ серија, лесна и едноставна за гледање, тогаш ви ги препорачуваме овие 5 комедии кои можат одлично да го исполнат вашето слободно време. Одберете ја вашата омилена, замотајте се во ќебе и покрај шолја кафе уживајте во насмевките предизвикани од урнебесниот живот на овие ликови…rn

Реклама

1. Млади и гладни (Young & Hungry)

rnМлад и успешен милионер најмува млада и борбена блогерка за храна со цел да биде негов личен готвач. Но, откако тој ќе раскине со својата девојка, таа ќе мора да се избори да ја задржи својата работна позиција…

rn

2. И девојка и мајка (Significant Mother)

rnЖивотот на Нејт ќе се преврти наопаку кога тој ќе дознае дека неговиот најдобар пријател и цимер излегува со неговата мајка која од неодамна е сингл. За да биде уште полошо, оддалечениот татко на Нејт нема да се плаши да го искористи со цел да ја освои повторно мајка му.

rn

3. Свештеник натрапник (Impаstor)

rnСо цел да го спаси својот живот, Баду Добс ќе одите во мал град и ќе го преземе идентитетот на свештеник хомосексуалец. Тој се обидува најдобро што може да ја одигра својата улога, но нештата многу побрзо ќе почнат да се вртат наопаку.

rn

4. Кевин од работа (Kevin from Work)

rnМлад човек храбро ја изјавува својата љубов кон колешка во моментот пред да ја прифати новата работа, но потоа дознава дека понудата е повлечена и тој е заглавен на истото работно место со својата симпатија.

rn

5. Одеднаш и татко и дедо (Grandfathered)

rnЦелиот живот на Џон Страмос ќе се преврти наопаку кога неговиот 20-годишен син кој не знаел дека го има ќе се појави пред него со својата мала ќерка. На тој начин овој долгогодишен ерген одеднаш дознава дека е татко, но и дедо.

Популарно

Може ќе ве интересира