13 поинакви начини на кои артистите ја покажуваат својата љубов
Доколку сте во врска со артист, тогаш без сомнение веќе знаете дека тој или таа е многу поразлична личност од сите кои досега ги познавате. Артистите се уникатни, чувствителни и имаат неверојатна способност да ја прочитаат секоја ваша потреба. Но, како тие ја покажуваат својата љубов кон вас?
1. Тие споделуваат сè што чувствуваат. Сè! Не постои човек кој има повеќе љубов во себе од креативна личност која ви дозволила влез во својот емоционален живот. Верувале или не, вие ќе ги чуете сите нивни чувства, вклучувајќи ги оние за утринското кафе.
2. Тие прашуваат навидум непромислени, но реално многу лични прашања. Тие сакаат да се поврзат со вас на начин на кој никој претходно не успеал, па токму затоа и преку овие прашања ја тргаат вашата „маска“ и ги откриваат дури и најдлабоките делови од вас.
3. Тие раскажуваат приказни. Тие го процесираат светот преку нарација. Раскажувањето приказни е начинот на кои тие комуницираат, особено со луѓето кои ги љубат. Она што многумина го сфаќаат како шега или метафора во нивното пишување, вие откривате дека е мината траума, голема битка или луди соништа. Вие ја добивате целата слика, не само дел од неа.
4. Тие стануваат многу заштитнички настроени. Токму затоа и сакаат да ве одржуваат безбедни и настрана од сите очи кои судат. За артистите, менталната и емоционалната безбедност е сигурност, а тоа ќе ви го покажат преку убедувањето дека сте сакани.
5. Тие набљудуваат сè. Не само што забележуваат ситници, како бојата на вашиот пешкир и потоа ги помнат, туку исто така и ги користат овие мали нешта со цел подобро да ве научат.
6. Тие се обидуваат да ви помогнат да ги средите вашите проблеми. Артистите се природни исцелители. Нивната љубов за изразување скоро секогаш доаѓа со намерата да се чувствувате подобро или да ви помогнат. Тие нема да можат да спијат сè додека не знаат дека сте во ред.
7. Тие почнуваат да читаат невидлив телесен говор и соодветно реагираат на него. Артистите се најдобрите љубовници бидејќи се исклучително свесни за вашите потреби, како и за оние нешта кои ве прават среќни.
8. Тие почнуваат да разбираат како размислувате. Во умот на артистите, начинот на кој размислувате и го процесирате светот е клучно за откривање на личноста која навистина сте.
9. Тие го прават вашиот заеднички живот романтичен. Тие сакаат да ви направат појадок во кревет, да ви постават свеќи додека читате и да прават неверојатни фотографии од вашите посебни моменти. На кратко, целата ваша врска станува еден голем уметнички проект за нив.
10. Тие доживуваат несигурност. Кога станува збор за почетокот на врската, тие воопшто не се сигурни во себе и токму затоа се движат напред назад со цел да се обидат да откријат дали се на вистинскиот пат. Артистите се многу свесни за своите емоции и кога ќе идентификуваат точно што сакаат, тие ја губат несигурноста и целосно се впуштаат во љубовната врска.
11. Тие ја споредуваат вашата врска со оние на филмските ликови. Животот е огледало на уметноста, нели?
12. Тие ги споделуваат со вас оние нешта кои ги сакаат во својот живот. Првите нешта кои ќе ги дознаете за нив, настрана од очигледните, се оние кои ги сакаат. На овој начин тие почнуваат да откриваат колку сте вие компатибилни.
13. Тие често глумат дека веќе живеете заедно во иднината со цел да откријат дали навистина ќе успеете. Артистите имаат навика да скокаат напред кога станува збор за љубовта и често се однесуваат како веќе да сте во иднината, со цел да откријат дали и вие сакате да бидете таму покрај нив.