На почетокот на мај еден британски веб-сајт направил анкета во која учествувале 3.500 испитаници. Целта била да се открие кои видови облека се сметаат за невкусни. Резултатите биле неочекувани бидејќи на листата на овие анти-трендови се наоѓале парчиња облека кои се навистина популарни помеѓу мажите и жените ширум целиот свет. Погледнете кои трендови е веќе време да останат во минатото.rn
1. Тренерки за секојдневно излегување
rn
rnrnДобрите манири велат дека тренерките се добри само за фитнес центрите. Без сомнение широките панталони и блузи се навистина удобни, но местото не им е во облеката за дневно излегување.rn
Како да ги замените?
rnОдберете едноставни и удобни парчиња облека за секој ден. Ова може да биде маичка со некаков принт, или широки памучни панталони.rn
2. Здолништа со тул
rn
rnrnВреме е да се ослободите од здолништата со тул. Доволно е да ги погледнете модните блогови и ќе сфатите дека веќе не се наоѓаат таму.rn
Како да ги замените?
rnАсиметричните здолништа со средна должина направени од природен материјал се навистина тренди денес. Можете да носите и модели од свила или сатен.rn
3. Шарени протези
rn
rnrnПред 10-15 години помислата на протези ги плашеше и најхрабрите луѓе. За среќа денталната медицина доста напредувала, па постојат многу алтернативни опции за протезите. Убавите заби се навистина потребни, но ако носите протези само за да ги покажете, нема потреба од тоа.rn
Како да ги замените?
rnПрашајте го вашиот заболекар дали може да ви ги намести протезите на внатрешната страна од забите. Ова решение е одлично за луѓето кои постојано се опкружени со други луѓе.rn
4. Ранци
rn
rnrnЗа жал удобните и убави ранци повеќе не се модерни.rn
Како да ги замените?
rnСветлите чанти се она што треба да го купите. Необичните бои се одличен додаток на вашиот дневен изглед.rn
5. Очила огледала
rn
rnrnКомпанијата Реј-Бан ги пушти во продажба очилата огледала на почетокот на 20-тиот век, но тие навистина се прославија во 2013-та година. Сепак, овој моден додаток повеќе не е тренди.rn
Како да ги замените?
rnОваа сезона одберете тенки очила, поголем модел или очила со кружна форма. Постојат многу опции за сите форми на лице.rn
6. Улични влечки со вештачко крзно
rn
rnrnЗа добро или лошо, конечно се збогуваме со трендот кој беше популарен неколку сезони.rn
Како да ги замените?
rnЕдноставноста е клучна. Одберете удобни чевли со тенок ѓон без декоративни елементи. Дневните чевли треба да бидат едноставни, но елегантни.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn