Работниот простор кој освен место за работа содржи и полици за омилените чевли, потполно нè освои, не само нас, туку и милион девојки на Инстаграм. „Hello Fashion“ е името на блогот на кој го пронајдовме овој романтичен и инспиративен работен простор, кој стана сон на секоја ИТ девојка.rnrn
rnrnБлогерката Кристина Ендру посветила дури два месеци уредувајќи го својот работен простор во кој ќе создава уште подобри модни постови. Во работниот простор доминираат нежните бои како што се беж и боја на праска, а Кристина навистина внимавала на секој детаљ: од цветните детали, рамките на сликите, па сè до розовото бушаво перниче на столот.rnrn
rnrnОна што посебно нè воодушеви е тоа што таа пронашла и совршено место за омилените високи потпетици. Сепак, високите потпетици се нашите најдобри пријателки, нели?rnrn
Нежно и инспиративно: Работен простор за кој полуде цел Инстаграм









