2, 5, 11, 15, 20, 43: Најважните броеви во вашиот живот
Понекогаш делува навистина невозможно во еден ден да се исполнат сите цели кои се однесуваат на здравјето, како и на личното задоволство. Но, кога животот ќе ви стане премногу тежок и не можете да видите излез, тогаш почнете да ги следите овие среќни броеви кои ќе ви помогнат да ги достигнете сите ваши цели за кратко време. Еве како тие можат да ви помогнат…
Среќен број 2
Истражувањата ни покажуваат дека ако за завршување на задачата ви се потребни 2 минути или помалку, направете го тоа веднаш. Ова 2-минутно правило брзо ќе ве ослободи од сите ситни и здодевни задачи.
Среќен број 5
Кога сте фрустрирани и преплавени со тешки проекти во домот или на работа, смирете се со помош на 5-минутното правило. Кажете си себеси: „Ќе го работам ова уште 5 минути, а потоа ако не сакам повеќе, ќе прекинам“. Целта е да си ги повторувате овие зборови по завршувањето на претходните 5 минути, со цел да продолжите, но дури и да не го направите тоа, вие сепак веќе ќе бидете 5 минути понапред од кога сте почнале.
Среќен број 11
Ако ве мрзи да вежбате, но сепак сакате да живеете подолго, тогаш треба да знаете дека најкраткото вежбање во текот на денот кое може да ви донесе позитивни резултати врз вашето здравје е 11 минути. Оние кои вежбаат 11 минути дневно го продолжуваат својот живот за скоро 2 години во однос на оние кои воопшто не вежбаат.
Среќен број 15
Не можете да одолеете и сакате да порачате трета пијачка, дури и покрај тоа што возите? Не можете да се воздржите да јадете торта, дури и покрај тоа што сте на диета? Посегнувате по уште една цигара дури и покрај тоа што сте решиле да ги откажете? Кога ви се случуваат вакви нешта, обидете се да го примените правилото од 15 минути. Кога ќе ви се појават овие внатрешни нагони, натерајте се да издржите да им одолеете 15 минути. Според истражувањата, по овие 15 минути тие самите ќе исчезнат.
Среќен број 20
Работите на некој проблем подолго време и дури и покрај тоа што пробувате различни нешта, вие едноставно не го наоѓате вистинското решение? Во овие ситуации најдобро е доколку во следните 20 минути правите нешто друго, што било. На тој начин ќе го одморите вашиот мозок и ќе се ослободите од стресот. Како резултат, ќе почнете покреативно да размислувате и решението „магично“ ќе ви се појави пред очи.
Среќен број 43
Доколку е потребно само 11 минути вежбање на ден со цел минимално да го продолжите вашиот живот, колку треба да вежбате за да го достигнете максималниот ефект? Научниците велат дека со 43 минути вежбање на ден, вие можете да го продолжите вашиот живот и за 4,2 години.