Харуки Мураками: Инспиративни мисли кои ќе ви го променат животот
За оние кои не знаат, Харуки Мураками е еден од најпознатите современи јапонски писатели и добитник на многу престижни книжевни награди. Но, ако обрнете внимание на она што е напишано на неговите страници, ќе забележите дека во секое поглавје се наоѓаат прекрасни мудрости за животот, стравовите, љубовта и загубата. Погледнете дел од нив кои без сомнение ќе ви дадат нов и различен поглед кон животот, па можеби дури и ќе ви помогнат полесно да ги поднесувате неизбежните потешкотии на вашиот пат.
„Разочарувањето може да се доживее само ако имате очекувања.“
„Тоа што го барате нема да се појави во тој облик, онаму каде што го очекувате.“
„Дури и ако се вратиме, најверојатно нема да завршиме онаму каде што сме почнале.“
„Мислата не познава време. Токму во тоа е разликата помеѓу мислите и соништата. Мислата може сè да види во секунда. Може и да искуси вечност. Можете и да поставите затворено коло, но мислите по него ќе се вратат без престан. Такви се тие мисли. Не се како сон кој може да се прекине. Тоа е како енциклопедија на чепкалки за заби.“
„Фактот не е секогаш вистина, а вистината не е секогаш факт.“
„Најважното нешто кое сме го научиле во училиште е дека повеќето работи не се учат во училиште.“
„Отсекогаш сум бил гладен за љубов. Би сакал да дознаам како изгледа да се биде исполнет со толку љубов, да не можеш да издржиш. Барем еднаш.“
„Болката е неизбежна. Патењето е избор.“
„Секој од нас губи драгоцени нешта. Изгубени можности, пропуштени прилики, чувства кои не можеме да ги вратиме. Тоа значи да се биде жив.“
„Секој човек има нешто што може да го добие само еднаш во одредена животна доба. Како мал пламен. Тие внимателно и среќно, грижливо ќе го чуваат, негуваат и носат низ животот како факел. Но, ако само еднаш тој пламен се изгаси, веќе никогаш нема да може да се врати. Јас не ја изгубив само Сумире. Заедно со неа, го изгубив и тој драгоцен пламен.“
„Има многу девојки кои на привлечен начин ја соблекуваат облеката, но оние кои на привлечен начин се облекуваат, ги нема многу.“
„Кога би верувале дека сè ќе биде како што треба, би немале ништо од што би се плашеле на овој свет.“
„Светот без љубов е исто како и ветер кој дува надвор низ прозор. Не можеш ниту да го допреш, ниту да го помирисаш.“