Облека која не би требало да ја носите ако имате повеќе од 40 години
Понекогаш и искусните жени можат да погрешат кога станува збор за облеката. Затоа ние сме тука да ви помогнеме, без разлика колку години имате. Понекогаш новите трендови и луѓето кои нè опкружуваат може да нè збунат и да нè наведат да носиме нешто „погрешно“, што не одговара на нашите години.
1. Проѕирна облека
Ваквата облека секогаш зафаќала еден дел од нашите гардеробери и ниту малку не е чудно и вие да ја имате во вашиот. Меѓутоа, како што велат дизајнерите, проѕирната облека е наменета за младата популација. Всушност, со овој вид облека секогаш треба да бидете внимателни, без разлика на годините. Секако, никогаш не треба да претерувате, но генерално проѕирните горни парчиња облека се „дозволени“ само за младите девојки, додека на дамите во својата 40-та година изгледаат премногу вулгарно. Покрај ова, постои уште еден факт: мажите сакаат повеќе мистериозност! Па затоа, најдобро е да избирате полупроѕирна облека како што се на пример: здолништата со чипкасти делови, макси здолништата со еден проѕирен дел, блузите со чипкасти ракави итн. Во оваа облека ќе изгледате супер привлечно.
2. Кратки блузи
Не е важно дали вашето тело, а особено стомакот, се во совршена состојба, кратките блузи во кои ќе се гледа вашето меше, сепак не се за сите жени. Определете се за блузи кои ќе ја истакнат вашата витка фигура или за такви кои имаат отвор на грбот или пак, целосно отворен грб. Блузата со умерено деколте е исто така добар избор. Ќе ја истакне вашата сексапилност и префинетост со еден удар.
3. Тесни и искинати фармерки
Најверојатно ќе се сложите со нас дека тесните, а уште па и искинати фармерки, никако не одат со искуството и изгледот на жените во овие години. Оставете им го опуштениот изглед на девојките кои сè уште не го сфаќаат многу сериозно начинот на своето облекување. Вам ви прилегаат малку поженствени модели на фармерки, како што се панталоните со длабок крој или класичните панталони со прави или малку пошироки ногавици кои одлично одат со штикли.
4. Премногу накит
Како што велат многу стилисти, не смеете да претерате со накитот после 40-тата година, бидејќи тогаш треба да владее умереност, а пренатрупувањето може само да ви додаде години.
5. Преголеми чанти
Во овие години, водете сметка да не претерате со величината на чантите кои ги купувате. Што повеќе стареете – толку чантите треба да бидат помали и поелегантни. Сепак, не ви требаат многу работи, а точно знаете што ви е потребно кога треба да излезете некаде.
Avtorot koga ke napolni nad 40 godini neka ne nosi takvi raboti, ova se cisti gluposti.