Токму поради фактот што Сатурн се наоѓа во Стрелец, припадниците на овој знак, особено оние кои се родени во првата декада, ќе се најдат пред големи животни искушенија. Но, тоа не значи и дека овие нешта ќе имаат лош крај. Сè зависи од распоредот и положбата на клучните планети во наталната карта на Стрелците.rnrn
rnrnИстото нешто ќе се случи и со припадниците на знаците Риби и Девица, поради квадратот кој Сатурн од Стрелец го прави врз нивното Сонце. Ова можат да го забележат и Близнаците, поради опозицијата на Сатурн во нивното Сонце. Изгледа Близнаците најдолго ќе го чувствуваат овој лош период, кој може да премине дури и во следната година, односно сè додека Сатурн се наоѓа во знакот на Стрелец.rnrnШто се однесува до Раковите и Јарците, тие ќе почувствуваат потешкотии во првата декада од јули, додека Овните во првата декада од април. Вагите можат да поминат без големи потешкотии во пролетните месеци, но кога Уран ќе биде во транзит низ Овен, ќе им донесе ненадејни и бурни промени на животното поле.rnrnНајтешките денови, односно најбурните, ќе ги доживеат оние знаци кои имаат истакната Месечина или лични планети во Стрелец, Близнаци, Риби, Девица, Овен, Рак, Јарец или Вага. Имајќи го тоа на ум, Јарците имаат најголеми шанси да бидат подложени на огромни искушенија. И тоа не поради нивната вродена склоност на мака и патење, туку поради положбата на Плуто во соѕвездието Јарец.
Астролошки предвидувања: Кои хороскопски знаци ги очекуваат тешки пролетни и летни месеци?
