Поучна приказна: Не се надевајте, одлучете!

Поучна приказна: Не се надевајте, одлучете!

Додека ја чекала својата пријателка на аеродром, една жена во нејзина близина забележала мајка со 3 деца. Не многу подалеку од нив видела и човек кој се туркал во гужвата, влечејќи куфер зад себе. Тој застанал веднаш до неа со цел да го поздрави своето семејство.

Поучна приказна: Не се надевајте, одлучете!

Најпрво го прегрнал својот најмал син, кој имал околу 6 години. Мило ми е што те гледам, сине. Ми недостасуваше многу!“ – му рекол тој. Неговиот син се насмевнал срамежливо и му одговорил нежно: И ти ми недостасуваше мене, тато. Тогаш мажот се исправил и го погледнал својот најстар син во очи, кој имал околу 9 години. Ти си веќе млад маж. Многу те сакам!“ Откако го кажал тоа, го прегрнал и него.

Додека сè ова се случувало, неговата ќерка која имала само 1 година без да трепне го набљудувала татко си и возбудено се радувала во рацете на нејзината мајка, очекувајќи во секој момент да се насочи и кон неа. Здраво, мала!“ – ѝ рекол тој додека нежно ја земал од рацете на својата сопруга, а потоа ја бакнал. Таа брзо се смирила и ја допрела нејзината глава врз неговото рамо.

По неколку моменти, тој му ја подал својата ќерка на најстариот син, велејќи: Го чував најдоброто за крај!“ и потоа страсно ја бакнал својата сопруга. Те сакам многу, ѝ рекол тој додека ја гледал директно во нејзините очи.

Жената која ги набљудувала, почнала да се запрашува колку време се тие заедно бидејќи на прв поглед ѝ делувало како да се младенци. Имајќи го во предвид фактот што тие веќе имаат 3 деца, тоа сигурно не било вистина. Токму затоа и без да планира од нејзините усни излетале зборовите:Прекрасно. Колку долго сте во брак?“

Мажот без да го тргне погледот од својата сопруга ѝ одговорил дека биле заедно 14 години, од кои 12 во брак. Жената потоа го прашала колку долго време не се виделе, а тој изненадено и со насмевка ѝ рекол: Долги 2 дена!“

Откако го чула тоа, жената останала без зборови. Со оглед на интензитетот на нивниот поздрав, таа претпоставувала дека тие не се виделе барем неколку недели, ако не и месеци. Токму затоа и тивко проговорила: Се надевам дека и мојот брак ќе биде олку страстен по 12 години.“

Мажот одеднаш престанал да се смее и ја погледнал директно во очите, со поглед кој допрел до нејзината душа и ѝ рекол нешто што ѝ го променило целиот живот. Тој ѝ кажал: Не се надевај… одлучи!“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар