Познати дами кои неверојатно личат на Дизниевите принцези
Иако познатите дами не можат да зборуваат со птиците, да јаваат змејови, да го преспијат 100-годишниот сон и да летаат на волшебен килим, на некој начин неодоливо потсетуваат на Дизниевите принцези. Со својот изглед, гестовите и однесувањето – сличноста со Дизниевите принцези е неверојатна и зачудувачка во сите сегменти. И вие самите пријатно ќе се изненадите, а сигурни сме дека во некој момент дури и ќе се вџашите.
Па така, Кејти Пери неверојатно потсетува на јунакињата од цртаниот филм „Снежана и седумте џуџиња“. Со нејзината црна коса како абонос, црвените усни како крв и белата кожа како снег – како да е во прашање копија на Снежана. И нивните карактери се многу слични. Кејти ја сака песната, секогаш е расположена и разиграна, само се надеваме дека не сака да живее и да го дели станбениот простор со седум мажи.
Актерката Блејк Лајвли, иако е мајка и сигурно не спие 100-годишен сон, неверојатно личи на Аурора од цртаниот филм „Заспаната убавица“. Нејзините јаболчници, долгата, барновидна коса и обликот на очите премногу личат на девојката која се криеше од лошата вила длабоко во шумата. Исто како Аурора, Блејк е нежна, романтична и мечтателна душа.
Елса и Рејчел МекАдамс однадвор изгледаат како резервирани и ладни, но и двете се со отворен дух и кога подобро ќе ги запознаете, ќе забележите дека станува збор за отворени и пријателски настроени жени. Исто како Елса така и Рејчел цврсто стои со двете нозе на земја, сака излегување, журки и мода. Дури и фризурите им се неверојатно слични, да не кажеме идентични.
Кога ќе ја погледнете Исла Фишер ќе забележите дека нејзината боја на коса, но и фризурата неодоливо потсетуваат на Малата сирена. И таа како и Ариел е израсната на брегот на океанот во Австралија и ги обожава водата, морето и плажата.
Ема Вотсон е вистинска убавица како Бела. Таа е паметна и сака книги исто како оваa јунакиња, но истовремено е многу женствена и суптилна.
Сара Шахи исто како Јасмин на прв поглед делува бунтовно и диво, но под површината се крие шармантна и прекрасна личност. И таа исто како оваа персиска принцеза во себе има сина крв, бидејќи нејзиниот прадедо некогаш владеел со Иран.
Тејлор Свифт неверојатно потсетува на Пепелашка. И таа исто така имала тежок период во животот како Пепелашка, а денес е големо име во музичката индустрија. Тејлор сонувала големи соништа исто како оваа принцеза и успеала од сиромаштија да се искачи до кралски височини.
Симпатични и забавни, но ќе се сложите и дека Ема Стоун и Ана неверојатно си личат. Исто како Ана и Ема е едноставна и повлечена иако е позната ѕвезда и милионерка.
Ne pisuvajte gluposti Taylor Swift poteknuva od tri generacii na direktori na banki