КАФЕ ПАУЗА

Како да знаете дали кремот за сончање не е веќе употреблив?

Како да знаете дали кремот за сончање не е веќе употреблив?

Колку повеќе кожата е изложена на сонце, толку поголема заштита ви е потребна, но не заборавајте дека не е доволно да нанесувате крем со заштитен фактор само наутро пред да излезете од дома. Кремот за сончање треба да се нанесува на секои два часа за да ги избегнете болните изгореници и долгорочното оштетување на кожата. Ако сте го сториле сето тоа, но сепак успеавте да добиете изгореници, тогаш можеби е истечен рокот на траење на вашиот крем со заштитен фактор.rnrnКако да знаете дали кремот за сончање не е веќе употреблив?rnrnБез разлика дали станува збор за хемиски или минерален крем со заштитен фактор, секој има свој рок на траење, што обично е околу три години. Се разбира, тоа важи доколку производот го чувате понастрана од директна сончева светлина и топлина. Иако звучи тешко да се направи тоа кога сте на плажа, постојат вреќички за на плажа кои не се загреваат и ќе му обезбедат на вашиот крем со заштитен фактор соодветна заштита од сонцето. Овие фактори влијаат многу на рокот на траење на производот, а во продолжение прочитајте како да процените дали кремот е расипан.rn

Мирис

rnАко вашиот крем за сончање има остар, силен мирис, тоа е првиот знак дека нешто не е во ред. Бактериите најверојатно влегле во производот додека сте го допирале со валкани раце или додека сте го изложувате на воздух. Во секој случај, производот веќе не е употреблив.rn

Текстура

rnКремот со истечен рок на траење ќе ја промени својата текстура. Состојките ќе се одвојат и конзистентноста на кремот ќе биде многу полесна.rn

Промена на бојата

rnПромената на бојата ќе биде полесно видлива кај лосионот за тело отколку кај спрејот, но ако видите жолта или кафеава боја во производот, подобро е да го фрлите шишето бидејќи производот оксидирал.rn

Зошто кремот за сончање со истечен рок на траење е лош за кожата?

rnНаједноставниот одговор е затоа што нема исто дејство како и порано. Веќе нема да ја има својата намена, односно да ја заштити кожата од сонцето, па може да добиете изгореници, осип, лепливост на кожата и мозолчиња.rnrnПрочитајте кои кремови за сончање се подобри – хемиските или минералните.