6 видови парови кои никој не може да ги поднесе во своја близина
Без разлика дали сте сингл или пак, во врска, постојат одредени видови парови кои со самото свое присуство им прават на другите да им биде непријатно. Токму овие парови се и оние кои ги губат своите пријатели и најчесто се движат сами, секогаш допрени еден до друг, или пак, со други парови кои се слични на нив. Погледнете за кои парови станува збор…
1. Парот кои страсно се бакнуваат и допираат во јавност
Кој не сака бакнување и допирање? Тоа е одлично. Но, кога сте излезени со друштво, бакнувањето и допирањето како никој да не ве гледа е невкусно и им прави на оние околу вас да се чувствуваат непријатно. Сигурни сме дека вашите пријатели слушаат доволно за вашиот сексуален живот и не мора тоа да го гледаат во живо. Постои време и место за изразувањето страст, а тоа дефинитивно не е во јавност покрај вашите пријатели. Доволно е да се држите за раце и нежно да се бакнете доколку почувствувате дека токму тоа ви треба во моментот, но сè останато оставете го за дома.
2. Парот кои постојано зборуваат за нивните среќни искуства
Сите сфаќаат дека вие сте среќни. Тие исто така се среќни за вас, но не мора постојано да слушаат за тоа. Вие имате живот и надвор од врската, па можеби е време да почнете да зборувате малку за тоа. Оние кои се сингл или другите парови (кои можат да ја задржат својата среќа за себе) исто така имаат интересни настани кои би сакале да ги споделат со вас, доколку конечно би дошле на ред. Но, понекогаш тие имаат и лоши денови, па токму затоа не ги удирајте по глава со вашата среќа, правејќи им да се чувствуваат уште полошо од претходно.
3. Парот со лоша врска кои глумат неизмерна среќа
Сите знаат дека вие моментално поминувате низ несогласувања, па токму затоа и време е да престанете да глумите дека сте среќни и неверојатни додека поминувате низ оваа фаза од вашата врска. Вашите пријатели се секогаш тука да ве сослушаат доколку имате проблем, но тие почнуваат да се грижат доколку вие едно им зборувате насамо, а сосема друго гледаат кога сте заедно. Ако не сте среќни во врската, тогаш зошто се обидувате да го скриете тоа од другите? И уште полошо, да им покажете дека всушност ви е многу добро?
4. Парот кои постојано раскинуваат и се смируваат
Одлучете се веќе еднаш. Да, вие треба да си дадете втора шанса доколку мислите дека вреди, но тоа е тоа. Која е целта постојано да се вртите во круг кога однапред го знаете исходот? Од друга страна, вашите пријатели веќе не знаат како да се однесуваат со вас кога повторно ќе им кажете дека сте раскинале или пак, дека сте се смириле. Малку е тешко тие да сочувствуваат или пак, да бидат среќни за вас кога постојано се случува едното исто.
5. Парот кои се обидуваат да ви најдат партнер/ка
Постојат парови кои чувствуваат дека е нивна обврска да им најдат партнери на сите свои сингл пријатели. Но, и покрај тоа што вашата намера е сигурно добра, бидејќи вие не сте во нивната глава, не можете да знаете точно што им е потребно во овој момент. Вие не знаете дали тие воопшто сакаат да бидат во врска или пак, ако сакаат, кои мажи или жени најмногу би им одговарале. Токму затоа и кога станува збор за љубов, не треба да се мешате во нивниот живот. Освен ако тие директно го побараат тоа од вас…
6. Парот кои секогаш и секаде доаѓаат заедно
Овој вид пар е можеби и најлош од сите. Откако „јас“ ќе стане „ние“, одеднаш на сè му доаѓа крајот. Вие полека ќе се трансформирате во една голема личност која нема да може да биде насамо дури ни 5 минути. Па, како би сакале да ги задржите вашите пријатели покрај вас доколку тие не можат ниту еднаш да ве видат на страна од вашиот партнер со цел барем малку да поразговараат со вас?