Дознајте која боја на чевли одговара на вашата дневна комбинација

Дознајте која боја на чевли одговара на вашата дневна комбинација

Секоја жена, додека ја избира дневната комбинација која планира да ја носи, во истиот тој момент веќе има замислено кој модел и боја на чевли ќе ги искомбинира со неа. Но, многумина жени во овие прилики ги избираат веќе проверените варијанти, па се одлучуваат за чевли во црна, тегет и кафеава боја. Тие не размислуваат многу за преземање моден ризик, токму поради стравот да не погрешат. Затоа погледнете која боја на чевли најдобро ќе одговара на вашата дневна комбинација, за ќе ги избегнете дилемите во иднина.

1-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

Црвени чевли

Црвените чевли претставуваат одличен избор ако сакате вашата дневна комбинација да ја направите впечатлива. Вклопете ги во дневни комбинации на розова, портокалова, црна или бела боја, но и ако се одлучите да ги вклопите со тегет или неутрални бои, дефинитивно нема да погрешите.

2-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

Зелени чевли

Доколку се одлучите да носите чевли во зелена боја, ќе забележите дека тие, потполно неочекувано, претставуваат голем стилски избор за секоја дама. Најдобро е да ги носите со комбинации во кафеава, црна, сина или жолта боја, но и со дневни комбинации во неутрални бои.

3-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

Сини чевли

Залепени фармерки во светла боја и чевли во темна сина боја може да изгледаат феноменално кога ќе се вклопат заедно. Меѓутоа, покрај со овие светли нијанси на сино, овие чевли може да ги комбинирате и со жолта, кафеава или бела боја, како и со неутрални дневни комбинации.

4-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

Жолти чевли

Иако жолтата и виолетовата боја се комплементарни бои, оваа комбинација во некои ситуации може да биде неславен избор. Затоа подобро би било, ако посакате да носите жолти чевли, да ги комбинирате со дневни комбинации во различни нијанси на сина боја, но и со црно-бели и зелени комбинации.

5-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

Портокалови чевли

Доколку се одлучите за портокалови чевли, тогаш избегнувајте ја гардеробата во зелена и виолетова боја, бидејќи тие ќе стојат многу подобро во дневни комбинации во сина, бела, црвена и жолта боја, како и во комбинации со земјени тонови.

6-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

Металик чевли

Ако се одлучите за чевли во сребрена боја, тогаш одлучете се за дневни комбинации во бела, црвена, виолетова и црна боја, како и во неутрални тонови. Златните чевли пак, може да ги прилагодите во комбинации во црна, црвена, бела, кралско сина и темноцрвена боја.

7-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_

Виолетови чевли

Виолетовите чевли одлично стојат на дневни комбинации во неутрални бои, но и на тегет, розова и зелена боја.

8-doznajte-koja-boja-na-chevli-odgovara-na-vashata-dnevna-kombinacija-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар