Ако немате идеја кој филм да го изгледате овој викенд, размислете за овие пет предлози кои своите први прикажувања ги доживејаа во 2012 година.
rn
Совршен глас (Pitch Perfect)
rn
Жанр: мјузикл, романтична комедијаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 5 октомври 2012rnrnУлоги: Ана Кендрик, Британи Сноу, Ребел Вилсон, Скајлар ЕстинrnrnВреметраење: 112 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnКратка содржина: Барден Белас е женска колеџ група која импресионира со акапела изведбите на своите песни и совршениот изглед на сцената. Но, по катастрофата на минатогодишното финале, тие од петни жили се обидуваат да се прегрупираат и да се вратат на славните денови. Кај себе ќе ја примат Бека (Ана Кендрик), бруцош–ди џеј, која не е заинтересирана за студентскиот живот. Така ќе биде сè додека не го сретне Џеси (Скајлар Естин), член на ривалската машка акапела група. Дружејќи се со него ќе изгради нов стил кој ќе се обиде да им го пренесе на Барден Белас со цел повторно да бидат на врвот.rn
rn
Ѕверови од Јужната дивина (Beasts of the Southern Wild)
rn
Жанр: драма, фантазијаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 5 јули 2012rnrnУлоги: Кувенжане Волис, Двајт Хенри, Леви ЕстерлиrnrnВреметраење: 93 минутиrnrnНаша оценка: 10/10rnrnКратка содржина: Ако ви значи нешто тоа што овој филм се натпреварувал и победил на фестивалот Санденс и на Канскиот филмски фестивал, тогаш задолжително мора да го погледнете. Иако се занимава со апокалипсата, таа овде не е повод за спектакуларни сцени со современи филмски ефекти, туку можност да се ѕирне во човечката душа и да се опише она што се случува таму. Приказната се врти околу бестрашната шестгодишна Хашпапи (Кувенжане Волис) и нејзиниот болен татко Винк (Двајт Хенри). Тие живеат во областа наречена „Кадата“, сместена на дивиот јужен крај на светот. Винк знае дека неговата болест ќе ја остави Хашпапи сама и затоа, кога Арктикот ќе почне да се топи и природните катастрофи се чинат неизбежни, тој ќе почне да ѝ пренесува вештини за преживување на својата ќерка.rn
rn
Зборови (The Words)
rn
Жанр: драмаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 7 септември 2012rnrnУлоги: Бредли Купер, Денис Квејд, Оливија ВајлдrnrnВреметраење: 97 минутиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnКратка содржина: Рори Џенсен е млад и упорен писател кој го напуштил удобниот живот овозможен од родителите со цел да го следи својот сон. Иако силно верува во своите авторски можности, тој постојано се мачи да напише книга која ќе биде атрактивна за издавачите. Кога еден роман потпишан од него конечно ќе доживее голем успех, тој ќе стекне голема слава, но има и еден проблем: Рори не го напишал романот, туку го препишал од некој друг. Ќе дојде ден кога ќе мора да ја плати цената за својата грешка.rn
rn
Гневот на титаните (Wrath of the Titans)
rn
Жанр: акција, фантазија, авантураrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 30 март 2012rnrnУлоги: Сем Вортингтон, Лијам Нисон, Розамунд Пајк, Едгар РамирезrnrnВреметраење: 99 минутиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnКратка содржина: Десет години по судирот на титаните во кој го спречи Хадес да завладее со светот и победата над Кракен, Персеј живее мирен рибарски живот одгледувајќи го својот син. Сепак, кога Зевс ќе биде заробен од злите богови тој не ќе може да го одбие повикот уште еднаш да се бори на страната на доброто кога злото ќе се обиде да излезе од подземјето.rn
rn
Куќа на крајот на улицата (House at the End of the Street)
rn
Жанр: мистерија, психолошки трилерrnrnПремиера: 21 септември 2012rnrnУлоги: Џенифер Лоренс, Макс Териот, Елизабет ШуrnrnВреметраење: 101 минутиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnКратка содржина: Елиса (Џенифер Лоренс) ќе се досели во нов град со својата мајка (Елизабет Шу) и ќе живеат во куќа веднаш до таинствениот и повлечен Рајан (Макс Териот). Кога Елиса ќе дознае дека сестра му ги убила неговите родители кога бил мал, ќе се спријатели со него, а набргу ќе почне и многу да ја привлекува. Сепак, набргу ќе почнат да се случуваат работи кои таа не може да си ги објасни, па тајните на Рајан ќе почнат да излегуваат на виделина.rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
