Многу од работите што сте ги учеле во животот како големи вистини, всушност се големи лаги. Најлесно е да се ставите себеси и другите во калапот, но животот не е толку едноставен. Многумина ве уверуваат дека текот на животот е многу едноставен и јасен – детство, училиште, факултет, работа, брак. Ако случајно скршнете од патот, добивате етикета на чудна личност или на губитник. Но, се разбира дека тоа не е точно. Во продолжение прочитајте за што не треба да ги послушате останатите.rnrn
rn
1. Не издвојувајте се од околината
rnОдите на училиште, дипломирате, се вработувате, стапувате во брак, имате деца… Сакате да патувате откако ќе дипломирате? Не сакате да стапите во брак иако имате 30 години? Што подразбирате под тоа да бидете различни?! Ве споредуваат од сите страни и ако не се вклопувате во калапот, нешто не е во ред со вас и мора да заборавите на тоа веднаш. Престанете да се споредувате со соседите, со пријателите, со замислената верзија за себе. Вие треба да живеете онака како што сакате, а не како што сакаат вашите родители, вашиот партнер или некој друг.rn
2. Помалку ризик, помалку страдање
rnПонекогаш работите треба да бидат лоши пред да станат добри. Честопати мора да страдате за да ја постигнете вашата цел. Затоа, не плашете се од ризикот. Понекогаш мора да ги затворите очите и да тргнете кон непознатото. Само на тој начин можете да видите нови хоризонти за кои можеби не сте ни сонувале.rn
3. Жално е да останете сами
rnАко некој е сам, не значи дека е осамен, исто како и оној што е во врската не значи дека е среќен. Уште полошо е да бидете во друштво, а да се чувствувате осамено. Поради мислењето дека е лошо да бидат сами, луѓето често не сакаат да го пуштат партнерот, иако е јасно дека таа врска не ги задоволува. Прво, треба да научите да бидете сами. Треба да се прифатите и да се запознавате и само тогаш можете да уживате во сопственото друштво.rn
4. Среќата значи исполнување на желбите
rn„Кога ќе добијам на лото, ќе го исплатам кредитот, ќе купам голем автомобил и конечно ќе бидам среќен.“ Да се биде среќен не значи дека да ги исполните сите материјални желби. Не мора сè да биде совршено за да бидете среќни. Среќата е благодарност за она што го имате и трпеливост за она што допрва треба да се случи. Нема потреба да се стремите кон големи цели, доволно е наутро да погледнете низ прозорецот и искрено да почувствувате дека сте среќни.rn
5. Не постои болка ако не ја гледате
rnНикогаш не потценувајте ја туѓата болка. Некои луѓе ја кријат подобро од другите. Оној што не плаче пред другите, не значи дека не вреска од болка во неговите четири ѕида. Не осудувајте ги другите и запомнете дека ако не ја гледате болката не значи дека ја нема. Секогаш бидете сочувствителни.rn
6. Силните луѓе никогаш не плачат
rnВо реалноста, најсилните луѓе се оние кои чувствуваат болка, ја прифаќаат и учат од тоа. Потребно е голема храброст да побарате пауза, да пролеете некоја солза, да ја истресете прашината од вас и потоа да се вратите назад во рингот, подготвени да се борите како да не сте го почувствувале ударот.rn
7. Фантазирањето е губење време
rnОна што можете да го доживеете и да го видите е само мал дел од она што е возможно. Имагинацијата ви дава бесконечен број можности. Никогаш не смеете да престанете да сонувате затоа што на тој начин се задоволувате со помалку. Но, не постои апсолутно никаква причина да не сакате големи работи за себе.rnrnПрочитајте ги овие 15 работи што никој нема да ви ги каже кога ќе станете баба и дедо.