Секоја фризура има своја симболика: Што стои зад фризурата „две плетенки“?

Секоја фризура има своја симболика: Што стои зад фризурата „две плетенки“?

Симпатичното девојче со уште посимпатично име, Пипи Долгиот Чорап, е омилен лик од детството на многумина. Освен тоа, таа ја популаризираше фризурата која со задоволство ја носат голем број жени ширум светот дури и денес. Секако, станува збор за плетенките, кои покрај пегите беа заштитен знак на ова девојче.

Пипи Долгиот Чорап

Плетењето на косата на овој начин е многу стара техника на правење фризури, само што во минатото таа била во служба на уредностa и беспрекорниот изглед. Плетенките биле подигнати во пунџа или пак со нив се правеле венчиња околу главата. Во 20-тиот век тоа се сменило, а тие станале симбол за дивост и вечна младост. Многу познати жени, коi го одбележале тој период, ја носеле косата сплетена во две плетенки, по една на секоја страна.

1-sekoja-frizura-ima-svoja-simbolika-shto-stoi-zad-frizurata-dve-pletenki-www.kafepauza.mk_

Мата Хари, најпознатата шпионка од почетокот на минатиот век, работела како танчарка за да ја скрие својата вистинска работа. Таа тврдела дека нејзината публика била повеќе маѓепсана од нејзините плетенки, отколку од нејзиното играње со колковите. Оваа фризура подоцна ја „позајмила“ Брижид Бардо, благодарејќи на што оваа француска убавица изгледала како „наивно девојче“.

Мата Хари

Мата Хари

Брижид Бардо

Брижид Бардо

Во денешно време многу познати дами сакат да носат две плетенки во најразлични варијанти. Познати по многу „модни ризици“, Бијонсе и Рита Ора оваа фризура ја промовираа на свој начин. Кејт Мос на своите модни почетоци често се сликаше со две плетенки, како и некои од останатите модели.

Бијонсе и Рита Ора

Бијонсе и Рита Ора

Додека некои жени со оваа фризура ја буделе девојката во себе и изгледале наивно, имало и такви кои со нив ја откривале својата „интелектуална“ страна. Совршен пример за ова е Жилијет Греко, познатата француска пејачка на шансони и муза на многу сликари во егзистенцијализмот. Плетенките од неа правеле „интелектуална девојка и борец за рамноправност“.

Жилијет Греко

Жилијет Греко

Можеби единствен пример помеѓу познатите дами, кога двете плетенки имаат потпомогнато за злобен изглед, каков што требаше да има Венди Адамс, е Кристина Ричи во улогата на ќерка во познатиот филм „Семејството Адамс“.

Кристина Ричи во улога на Венди Адамс

Кристина Ричи во улога на Венди Адамс


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар