КАФЕ ПАУЗА

5-те најдобри европски филмови во кои сигурно максимално ќе уживате

Written by

in

,

Дали има нешто подобро од гледање добар филм со партнерот згреани под ќебенце? Бидејќи есента полека доаѓа, а со неа и ладното време и врнежливите денови и ноќи, подготвивме листа од 5 прекрасни филмови од европска продукција.rnrn0-5-te-najdobri-evropski-filmovi-vo-koi-sigurno-maksimalno-kje-uzhivate-kafepauza.mkrn

1. Животот е убав (La vita e bella)

rnОвој италијански филм иако започнува како комедија, подоцна се развива и се расплетува во вистинска драма. Гвидо и неговата фамилија се пратени во нацистички концентрационен логор, каде тој смислува сложена лага за да го заштити својот син од ужасниот логорски живот кој ги снашол. „Животот е убав“ е филм кој ќе ве допре и кој длабоко ја истакнува родителската љубов – на што е сѐ е подготвен еден татко за да го заштити својот син.rnrnrn

2. Лов (Jagten)

rnПсихолошка драма за која вреди да одвоите време. „Лов“ го следи животот на еден учител (Медс Микелсон) обвинет за злосторство што може да сосема да го уништи. Иако во еден момент животот му тргнува во добра насока, една мала „бела“ лага ќе успее да ја скрши неговата среќа. Овој филм е по малку тежок, но тој дава брутално искрени одговори на важните животни прашања.rnrnrn

3. Амелиja (Amelie)

rnБезгрижна романса која добро ќе ве освежи после „Лов“. Овој филм повеќе изобилува со духовити сцени, отколку со длабоки моменти. Филмот „Амелија“ е љубовна приказна која се одвива во срцето на Париз. Искреност, необичност и непосредност – особено во изразувањето на најдлабоките чувства е токму она што го издвојува од останатите.rnrnrn

4. Недофатливите (The Intouchables)

rnОвој филм ги следи животите на двајца мажи од целосно различни социјални средини. Едниот, богат аристократ кој по несреќа со параглајдерство останува парализиран, а другиот сиромашно момче кое се бори со предизвиците на младоста. „Недофатливите“ е топла драма за случајните пријателства и социјалните врски.rnrnrn

5. Кафе во Берлин (A coffee in Berlin)

rnОва филмско остварување е симпатичен филм кој ја освежува германската кинематографија. Филмот го прати животот на бивш студент по право (Том Шилинг) кој не може да најде кафе на ниедно место во цел Берлин. Со голема доза сув хумор и своевиден коментар за општеството, „Кафе во Берлин“ е брутално хуман и искрен филм кој ќе го зароби вашето внимание.rnrnrn

Бонус филм: Градот на Господ (Cidade de Deus)

rnОвој филм не е од европска продукција, но вреди да ја дополни листата на добри неамерикански филмови. „Градот на Господ“ не е за „слабокрвните“. Тој нуди длабоко, болно, но навистина важно нурнување во животот, во еден свет кој е многу поинаков од оној што ние го знаеме. Срцепарателна приказна за животот во бразилските гета каде безбројните убиства и бруталноста влијаат врз животите на малите деца кои растат во светот на криминалот и насилството.rnrn