Доколку сте нови на оваа социјална мрежа или пак, едноставно во моментов не можете да се сетите на нешто интересно што би сакале да го споделите со вашите следачи, погледнете ги следниве идеи кои можат да ви помогнат да креирате интересни твитови кои ќе бидат забележани од сите…rnrn
rnrnПомогнете им на другите – Барем 50% од вашите твитови треба да бидат насочени кон тоа индиректно да одговорите на прашања кои другите ги поставуваат. Додека пак, само 10% треба да бидат на било каков начин ваша промоција.rnrnБидете поддршка – Кога некои твитерџии имаат тежок ден, напишете им дека сте покрај нив и дека ги поддржувате. Оваа постапка на нив многу ќе им значи.rnrnБидете интересни и не се повторувајте – Немојте постојано да ги повторувате истите твитови и обидете се да ги проширите вашите перпективи со цел да напишете нешто на што никој досега не се сетил.rnrnНапишете добар виц – Не се препорачува да ги бомбардирате луѓето со своите шеги, но, понекогаш доколку налетате на некој навистина забавен виц добро е да го споделите и со другите.rnrnНапишете новооткриен факт – Доколку редовно читате истражувања и новости, споделете ги со вашите следачи оние откритија кои ги сметате за фасцинантни.rnrnПрашајте за препорака – Особено доколку ви треба совет за купување, патување или некој вид професионална услуга.rnrnКористете линкови – Доколку сте прочитале интересна статија, сте слушнале нова песна, сте гледале добар филм или пак, сте налетале на некој нов вебсајт споделете го и тоа со оние кои ве следат.rnrnЧеститајте им на другите – Можете слободно јавно да ги споделувате честитките, особено ако станува збор за вашите најблиски.rnrnЗаблагодарете им се на другите – Исто како и честитките, така и благодарноста треба да биде споделена.rnrnПовторување твитови – Доколку е нешто навистина важно, можете да го повторите неколку пати истиот твит, но внимавајте да не претерате. 2 до 3 пати е сосема доволно.rnrnБидете оние кои навистина сте – Вие сте уникатни и токму тоа треба да му го покажете на светот.rnrnТвитер собир – Организирајте твитап и поканете ги вашите следачи на некој интересен настан.rnrnКритики и рецензии – Доколку сте прочитале некоја книга или пак, сте гледале некој филм или серија споделете го вашето мислење за нив.rnrnПрепорака за ресторан – Побарајте да ви предложат ресторан каде што тие уживале во вкусна храна.rnrnИнспиративни цитати – Споделете мисли од најголемите умови кои вам ви оставиле некаков впечеток и инспирирајте ги со нив и вашите следачи.rnrnПобарајте работа – Ако во моментов сте во потрага по нова работа или пак, не сте задоволни со сегашната, споделете го тоа со другите. Од каде знаете, можеби ќе добиете некоја добра понуда…rnrnВести и новости – Споделете го она што во моментов се случува и заедно со другите разговарајте на таа тема.rnrnНаправете анкета – Поставете интересно прашање и откријте што другите мислат за тоа.rnrnСподелете домашен рецепт – Зарем има подобар начин да се освојат твитерџиите од фотографија и рецепт за вкусен десерт?rnrnРазговарајте за минатото – За старите добри времиња.rnrnЗаеднички интереси – Твитер е единственото место каде што брзо можете да најдете луѓе со исти интереси како вашите, па не се плашете да го кажете она што навистина ви лежи на душата.rnrnОдговарајте на прашања – На Твитер редовно се поставуваат прашања, па доколку имате одговори на нив слободно споделете ги.rnrnСподелете промени во вашиот живот – Доколку конечно сте одлучиле да почнете да вежбате, да се исхранувате здраво или пак, да се преселите од дома, споделете го тоа со вашите следачи.rnrnСподелете ги соништата – Зарем не би сакале конечно да ги искажете сите оние нешта кои би сакале да ги постигнете, дури и ако во моментов ви изгледа невозможно? Доколку го направите тоа вие ќе добиете целосна поддршка и ќе се чувствувате многу подобро.rnrnСподелете ги постигнувањата – Положен испит, дипломирање, вработување, венчавка, бременост и сè останато кое вие го сметате за голем успех во вашиот живот.rnrnРетвитајте – На крајот од денот, доколку немате инспирација за твитање, секогаш можете да ретвитате. Споделете ги со вашите следачи сите оние мисли од другите твитерџии кои вие сметате дека вредат да бидат прочитани.
Твитер туторијал: Интересни и креативни идеи за твитови
