Време е за нешто ново: Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од промена

Време е за нешто ново: Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од промена

Многу често луѓето си дозволуваат ситници да им влијаат врз нивното расположение. Уште почесто се случува тие да потклекнат на релативно површна „тага“ со надеж дека ќе најдат вистинска „среќа“. Но, токму тука е грешката. Сите ние тежнееме кон среќа. Сите ние мислиме дека доколку имаме сè ќе бидеме среќни. Ние ги гледаме другите луѓе како се смеат и се прашуваме зошто тие имаат нешто што ние немаме. Но, постојаната среќа не постои. Никој не е среќен без прекин. Дури ни мажот во скапо одело чија прва љубов се парите и кој заработува милиони. Дури ни писателот кој обожава да пишува повеќе од сè и го плаќаат да го прави тоа. Лесно е да се каже „Ќе бидам среќна, ако го имам тоа што таа го има“, бидејќи е многу тешко да се сфати дека среќата постои надвор од споредувањето. Токму затоа и сигурно не сте свесни дека…

Време е за нешто ново: Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од промена

Вие не сте тажни, вие сте само незадоволни

Задоволството е алчност со маска. Никој од нас нема никогаш целосно да биде задоволен со тоа што го има, бидејќи во нашата природа е секогаш да сакаме нешто подобро, поново и посјајно. Задоволството вклучува разбирање дека животот е серија од успеси и неуспеси. Доколку го сфатите ова, големи се шансите дека нема никогаш повеќе да ѝ дозволите на тагата да ги намали вашите можности за чувството на задоволство.

Вие не сте монотони, вие само сè уште не сте заљубени

Како што Ед Ширан пее, „Љубовта понекогаш боли, но е единственото нешто кое прави да се чувствуваме живи.“ Никој не сака да верува дека една област од неговиот живот е поважна од која било друга, но вистината е дека недостатокот на љубов во нашиот живот нè прави безнадежни. Секој од нас лесно би можел да се изгуби во успехот, со нашето име на насловна од книга и стотици фанови кои чекаат автограм, но сè уште да се чувствуваме романтично незадоволни. Вие едноставно не сте заљубени. Постои еден еуфорија која доаѓа со љубовта, правејќи нè посреќни, но сепак тоа не значи дека без неа не вреди воопшто да се живее. Сè во животот е моментално и поминува, а секојдневно нешто ново нè чека зад следниот агол.

Вие не сте грди, вие само не сте совршени

Никој не е совршен. Повторете го ова гласно заедно со нас: Никој не е совршен! Секоја девојка или момче кое вие мислите дека е совршено, ние можеме да ви гарантираме дека не е. Луѓето имаат и лоши денови, исто како што имаат добри. Никој не е имун на проблеми. Совршеноста е многу мудро извајана илузија, но откако еднаш ќе успеете да погледнете околу вас со реални очи, вие веднаш ќе сфатите дека таа е мит. Вие сте прекрасни онакви какви што навистина сте и токму затоа бесцелно е да трагате по совршеноста.

Вие не сте депресивни, вие само имате потреба од промена

Монотонијата води кон самоуништување. Сите ние знаеме по една ваква приказна. На пример, луѓето ги изневеруваат своите сопружници поради досада, не затоа што им мислат лошо. Тие едноставно решиле да ја извадат својата потисната потреба за нешто ново и возбудливо, па решиле да живеат во близина на бомба која отчукува. Токму затоа и само прашање на време е кога таа бомба ќе ги разнесе. Од друга страна пак, колкумина од вас работите работа која не ја сакате и не ја напуштате само затоа што се чувствувате удобно и се плашите да почнете од почеток? Стабилноста е во ред и таа ни е потребна до одредено ниво со цел да преживееме, но никогаш не треба да ѝ дозволите да ве спречи вистински да живеете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Peco Reply

    Moze li pomalku gluposti da se pisuvaat i pomalku knigi so sodrzini kako da se zaljubis.kako da stanes milioner.kako da stanes uspesen i dr..ovaa statija ili sranje e bas takva….seto toa e individualno a ne po nekoj terk na nekoja si tamu…

Остави коментар