Бебе и булдог, родени на истиот ден, мислат дека се браќа и прават сè заедно
Кучињата често се нарекуваат „најдобри пријатели на човекот“, но што се случува со нивниот однос со бебињата? Кога Ивет Ивенс, го видела овој булдог кој бил роден на истиот ден како нејзиното бебе, Дилан, таа знаела дека станува збор за знак.
„Го видов роденденот на Фарли и знаев дека е им е судено да бидат пријатели“, вели таа.
Фарли, малото булдог кутре, станало дел од нивното семејство пред 5 месеци и во текот на целото тоа време тој е неразделен со Дилан.
„Сигурна сум дека Дилан мисли дека тие се ист вид, бидејќи одат на ист начин и двајцата поминуваат низ фазата каде што гризат сè во нашиот дом“, вели Ивет. „Фарли внимателно си игра со него и внимава да не ‘рчи додека спијат заедно. Тие искрено имаат прекрасна поврзаност – чиста, безусловна и незаменлива.“
Погледнете како изгледа нивното неодоливо пријателство…