Сигурна варијанта: Зошто жените ги одбираат помалку згодните мажи?
На секој чекор гледаме згодни жени со просечни мажи. Дали е тоа затоа што се богати или поседуваат нешто што ги прави неодоливи? Не. Жените го гледаат изгледот, но тоа не им е најважно. Ако жената забележи квалитет кој особено ѝ се допаѓа, на пример дека е одличен со деца, таа може да му прогледа низ прсти за физичкиот изглед.
1. Помалку атрактивните мажи помалку се грижат за нивниот изглед
Едно од најдобрите нешта кога излегувате со помалку привлечен маж е што можете да имате вистински разговор со него. Згодните мажи, постојано меркаат други жени, постојано се гледаат во огледало или зборуваат за нивните квалитети, поради кои вие не можете да дојдете до збор.
2. Тие ја разгалуваат нивната девојка
Тие се свесни и среќни дека имаат убава девојка и сакаат да го докажат тоа. Ваквиот тип мажи ќе направат сѐ за да ја задржат и усреќат нивната девојка – ќе ѝ купуваат подароци, ќе ја опсипуваат со комплименти и ќе ѝ приредуваат романтични изненадувања.
3. Помалку згодните мажи помалку меркаат други жени
Овие мажи го ценат тоа што го имаат и не сакаат да го изгубат. Тие не се навикнати да бидат околу убави жени – па затоа ѝ го посветуваат целото свое внимание. Згодните мажи знаат дека можат да ја имаат секоја девојка, па затоа кога ти е се со неа, тие гледаат и настрана – во случај да се појави подобра прилика.
Жените сакат да се чувствуваат посебно и сакаат да бидат центар на внимание во животот на мажот. Помеѓу изборот на маж кој постојано чека нешто подобро и маж кој ѝ го посветува целото внимание на својата девојка, секако дека таа ќе го избере оној кој ја гледа само неа.
4. Тие знаат како да се однесуваат со жена
Точно е дека жените сакаат да се чувствуваат како да се единствени во светот. Згодниот маж нема да ја согледа посебноста на неговата убава девојка затоа што тој може да ја има секоја. Како што ги гледа другите жени – така ја третира и својата. Од друга страна, помалку атрактивните мажи ја гледаат својата убава девојка како една во милион.
Тој добро ќе се однесува со неа – ќе ѝ ја носи чантата, ќе ја опсипува со комплименти и ќе ѝ го даде палтото кога ѝ е ладно. Во превод, тој ќе биде совршен џентлмен, баш онаков каков што сакаат жените. Без разлика на феминизмот, жените сакаат маж кој е кавалер и кој ќе направи таа да се чувствува посебно.
5. Помалку атрактивните мажи имаат подобар карактер
Еден од најдобрите аспекти кога излегувате со момче кое физички не е најатрактивно е тоа што тој има прекрасен карактер за да се искупи за изгледот. Жените сакаат длабоки разговори. Тие се многу паметни, а сите знаеме дека интелигенцијата е секси.
Истражувањата покажуваат дека врските во кои едната личност ѝ се восхитува на другата се поуспешни, особено кога жените им се восхитуваат на интелигентните мажи. Тие исто така имаат одлична смисла за хумор. Жените сакаат мажи кои ќе можат да ги насмеат, а комбинацијата на добра смисла за хумор и интелигенција е тешка конкуренција на физичкиот изглед.
6. Тие секогаш мислат дека нивната девојка е најубава
Ваквите мажи знаат дека нивната девојка е преубава и се чувствуваат среќно што ја имаат – па затоа постојано ја потсетуваат на тоа. Атрактивните мажи се навикнати околу убави девојки и тие не се ништо посебно за нив. Помалку згодните мажи ќе се гордеат со неа и ќе ја покажуваат на нивните пријатели и семејство. Без разлика колку лош ден има жената, кога е нејзиниот изглед во прашање, мажот секогаш ќе мисли дека таа е најубавата жена која постои.
7. Постои многу помала конкуренција
Ако постои едно нешто што жените најмногу го мразат – тоа е конкуренцијата, особено кога станува збор за мажите. Жените ги преферираат помалку атрактивните мажи затоа што не треба да се грижат дека другите жени се заинтересирани за нив и дека ќе им ги преземат. Жените сакаат да чувствуваат самодоверба во нивните врски. Тешко е да имате самодоверба ако вашето момче постојано флертува со други девојки. Жените не сакаат да се чувствуваат несигурно и затоа би избрале да играат на сигурна карта – помалку атрактивен маж.
8. Помалку атрактивните мажи се среќни со нивните жени
И повеќе ќе ги ценат. Женскиот род ги преферира овие мажи затоа што тие никогаш не се чувствуваат потценето покрај маж кој се труди да ги исполни сите нивни желби. Помалку згодниот маж е целосно свесен за она што го има и затоа постојано тоа ѝ го дава до знаење. Жените сакаат да се чувствуваат посебно и тоа постојано да им се укажува. Кога се со згоден маж, жените се сомневаат во сопствената атрактивност и знаат дека нивниот маж може да биде со многу позгодна девојка.
9. Помалку згоден маж = помалку флертување
Дури и ако жената е сигурна во нејзината врска, таа не сака други жени да флертуваат со нејзиното момче. На пример, ако жената е на состанок во ресторан со нејзиниот згоден маж, кога тој ќе здогледа згодна келнерка, жената се нервира.
Справувањето со жените кои сакаат да флертуваат и одржувањето на неговото внимание кон вас можат да ви ја упропастат вечерта, а мажот воопшто да не биде виновен. Кога се гледа со помалку атрактивен маж, жената може да излезе со него, а тој наместо да гледа други жени, да ја гледа само неа. И тоа е токму она што жените го сакаат.
10. Атрактивните мажи се свесни за нивниот изглед и се нарцисоидни
Најголемата разлика помеѓу згодните и помалку згодните мажи е тоа што атрактивните мажи вообичаено се свесни за нивниот одличен изглед, а кога мажот е свесен за неговата убавина, тогаш тој е вообичаено многу нарцисоиден и суетен.
Ова може многу да ги иритира жените. Неговата свесност за неговиот добар изглед значи дека тој знае дека може да добие многу повеќе – па затоа не ја третира неговата девојка соодветно – постојано доцни, флертува со други жени и сл. Атрактивниот маж ќе знае како да го употреби неговиот добар изглед за да го добие она што го сака. Затоа жените го избегнуваат целиот овој хаос и се одлучуваат за доброто и фино, но помалку привлечно момче.
Bullshit!