Да се биде соодветно облечен за венчавка или формална пригода може да биде вистински предизвик, бидејќи треба правилно да се комбинираат и парчињата облека и модните додатоци. Некогаш, вистинската комбинација може да одземе многу време и нерви, а уште полошо е ако и самите на крај не сте задоволни од изгледот. Многу треба да се внимава за да не изгледате секојдневно, но и да не ризикувате да претерате со свечениот изглед. Погледнете ги овие предлози и пронајдете го стилот кој ви одговара:rn
1. Миди фустан
rn
rnrnОвој модел е едноставен и безбеден избор за секоја формална пригода. Можете да изберете различни кроеви, бои, форма на ракави и дезени. Со соодветни чевли или сандали, можете да создадете одличен изглед соодветен на пригодата, со кој ќе се чувствувате самоуверено и пријатно.rn
2. Костум во пастелна боја
rn
rnrnПастелните бои се непогрешлив избор и лесно се комбинираат една со друга. Доколку одберете комбинација на панталони и сако во пастелни бои, сигурно нема да погрешите. Всушност, ќе изгледате убаво и соодветно на свеченоста, без да треба да размислувате дали сте претерале со комбинацијата. Изберете класични еднобојни чевли и мала чанта.rn
3. Фустан со сако
rn
rnrnДури и врз најобичниот фустан, еднобојното сатенско сако може да придонесе за соодветен формален изглед. Исто така, можете да бидете сигурни дека ако стане постудено, вие нема да треба да се грижите, така што оваа комбинација има двоен ефект – и естетски и функционален.rn
4. Елегантен комбинезон
rn
rnrnМожете да изберете дезенирана или еднобојна варијанта и да искомбинирате со мала чанта и сандали. Со комбинезонот ќе ви биде навистина удобно, но доколку често го користите тоалетот, може да Љбиде доста непрактично. Изберете ја оваа комбинација за пократкотрајни формални пригоди.rn
5. Слип фустан
rn
rnrnВаквиот фустан иако малку наликува на ноќница, дава префинет и функционален изглед. Комбинирајте со впечатлив накит и елегантна фризура и не заборавајте на рамениците да нанесете хајлајтер или малку светкав спреј.rnrnПрочитајте и кои се 5-те подароци кои младенците не сакаат да ги добијат на својата венчавка.
