Кората од портокалот содржи голем број хранливи вредности и висока доза на витамин Ц. Содржи голем број состојки што делуваат превентивно на појавата на рак на дојка и дебело црево, но исто така можат да бидат и од голема помош при борбата во раната фаза на овие видови рак. За да го искористите најдоброто од ова овошје, сѐ што ви е потребно се домашни и непрскани портокали.rnrn
rnrnВитаминот Ц е неопходен за нашиот организам. Тој може лесно да се најде во природата, а за да го „наполниме“ нашето тело со него, доволно е да консумираме многу овошје и зеленчук. Витаминот Ц е важен сојузник во борбата против разни болести, настинки и инфекции. Исто така, има важна улога во регенерација на ткивата и борбата против слободните радикали. За да се погрижите дека внесувате доволна количина за вашето тело, многу е важно да обрнете внимание на овој витамин. Подготовката на домашниот прав од кората на портокал е единствена, бидејќи на тој начин телото може 100% ефикасно да го искористи витаминот Ц. Всушност, токму во кората на портокалот се крие најголемата концентрација на овој витамин.rnrn
rnrnЗа подготовка ви се потребни неколку портокали, но исклучително е важно да бидат домашни и непрскани. Откако ќе го изедете плодот, во печка исушете ја кората. Потоа, сомелете ја во мелница за кафе или блендер. Правот кој сте го добиле ставете го во тегла и потоа добро затворете ја.rnrnЕдна лажица од овој прав содржи дупло повеќе витамин Ц отколку самото „месо“ на плодот. Можете да консумирате по една лажица од тој прав на ден. Исто така, можете да го измешате со јогурт, да го додадете во вашето утринско смуди или едноставно да го ставите во чаша вода. Одлична „помош“ е и при подготовка на разни слатки. Со правот можете да го ароматизирате вашиот колач и така омилениот десерт да го направите уште подобар.rnrnПрочитајте ги и овие 5 предупредувачки знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц!
Најдобриот дел од портокалот: Направете прав од кората што содржи два пати повеќе витамин Ц
