Тропски и раскошно: Африкански стил – најжешкиот тренд за ова лето
Оваа сезона се истражува влијанието на африканската култура на летен начин, со егзотични отпечатоци и тропски коктел од аксесоари.
Се чини дека дизајнерите ова лето својата инспирација ја пронашле толку во Африка. Бујната флора и фауна од тропските џунгли, пустини и савани, се извор на боите и дезените во колекциите на многу познати модни куќи.
Кога ќе ги погледнеме моделите од најновите колекции забележуваме многу сочни нијанси споени во едно коишто изгледаат спектакуларно! Дефинитивно од жените во Африка треба да ја научиме способноста да комбинираме неколку дизајни во еден.
Може да ја носите вашата етно облека, но доколку сакате африкански стил користете одвоени елементи – густи природни ткаенини, слободни кроеви, каиши, коноп и дрвени бројаници (колку подебели и посветли толку подобро).