8 секојдневни грешки кои ви ги уништуваат очите во летните денови

Сподели

За време на летото очите треба да се заштитат исто како и кожата. Со нивното изложување на ултравиолетовите зраци, солената вода и песокот, за кратко време може да настане големо оштетување кое потоа води кон намалување на видот и голем број други проблеми. Погледнете кои се најчестите 8 грешки со кои секојдневно им наштетувате на вашите очи и како да ги избегнете…

Реклама

rn

1. Гледате во сонце

rnДоколку мислите дека повременото изложување на сонце без очила нема да ви направи проблем, тогаш сте во голема заблуда. Со претераното изложување на вашите очи на ултравиолетови зраци, во краток временски период, вие можете многу да им наштетите. Доволен е само еден ден на плажа без заштита за да се создаде фотокератитис, болна состојба на очите чии симптоми се сувост, чешање, црвенило и отеченост. Ова оштетување не е трајно, но понатаму може да влијае да се појават други проблеми како израстоци во очите, појава на катаракта или ослабување на видот.rn

2. Носите лоши очила за сонце

rnКога носите евтини очила за сонце кои не ги блокираат штетните ултравиолетови зраци, тоа е исто како и воопшто да не носите заштита. Вие треба да најдете поларизирани очила кои блокираат 99% до 100% од ултравиолетовите зраци, но кои истовремено ви овозможуваат и јасен вид. Одберете и рамки кои ги штитат очите кај слепоочницата.rn

3. Не носите очила кога е облачно

rnСончевите зраци можат силно да влијаат врз очите дури и кога е облачно. Токму затоа, за време на летото постојано носете очила, без разлика на времето. За дополнителна заштита не излегувајте на сонце во најкритичните периоди, од 2 до 4 часот попладне.rn

4. Верувате дека капата или шеширот ви ги штити и очите

rnКапите најчесто ги штитат ушите, вратот и лицето, но не и очите бидејќи тие се изложени на оние ултравиолетови зраци кои се одбиваат од површината на водата или песокот. Водата рефлектира и до 100% од овие зраци, додека пак песокот околу 25%.rn

5. Носите контактни леќи додека пливате

rnПливањето со контактни леќи може да предизвика инфекции на рожницата и нарушување на вашиот вид. Токму затоа, секогаш пред влегување во вода тргнете ги леќите од вашите очи.rn

6. Ги отворате очите под вода

rnНити една морска сол не е целосно стерилна, па токму затоа и можете да „фатите“ бактериски и вирусни инфекции кои потоа ќе ви предизвикаат заматен вид. Имајте навика кога сте под вода, секогаш да имате очила за пливање на вас.rn

7. Не ставате заштитна крема околу очите

rnСекогаш нанесувајте заштитен фактор 30 на капаците и во областа околу очите. Користете крема која е наменета исклучиво за очите, а најдобар избор е онаа која е на база на минерали бидејќи има најмала можност да предизвика иритација.rn

8. Ги триете очите додека во нив има песок

rnПесокот во очите може да предизвика гребење на рожницата, како и губење на нејзиниот површинскиот епителен слој. Со триењето вие само ја влошувате ситуацијата. Доколку во вашето око ви влезе песок, веднаш измијте го со несолена вода и трепнете неколку пати. Доколку раздразнетоста не поминува по 1 час, веднаш посетете доктор.

Популарно

Може ќе ве интересира