Интервју со Џејмс Ван Дер Бик од серијата CSI: Cyber

Интервју со Џејмс Ван Дер Бик од серијата CSI: Cyber

Љубителите на филмските серијали ЦСИ (CSI), на регионалната интернет телевизија Pickbox (која е достапна и во Македонија) започнувајќи од 25-ти месецов можат да го погледнат четвртиот spin off серијал од ЦСИ сериите насловен како “CSI: Cyber“.

Ова е прва ЦСИ серија која не е насловена по некој град.

CSI: CYBER

Во фокусот на серијата е екипата на технолошки генијалци од ФБИ која е одговорна за сајбер-криминал, задолжена да ги реши случаите кои почнуваат во виртуелниот а завршуваат во реалниот свет.

Во продолжение проследете го интервјуто со Џејмс Ван Дер Бик кој во серијата ја игра улогата на специјален агент Илајџа Мундо.

CSI: CYBER

1. Кој е специјалниот агент Илајџа Мундо?

Џејмс ван дер Бик: „Илајџа Мундо е поранешен војник. Сега се придружил на ФБИ. Мислам дека тој е тип што секогаш мора да биде активен. Мора да биде зафатен, корисен, услужлив, и мислам дека таквата луда работа е совршена за него.“

2. Нешто повеќе за специјалниот агент Илајџа Мундо.

Џејмс ван дер Бик: „Некој како него има многу проблеми со врските, има поранешна сопруга и млада ќерка што ја обожава, знаете, забавно е да го играте. Добро момче е.“

3. Што е најдоброто при толкувањето на ликот Илајџа Мундо?

Џејмс ван дер Бик: „Лудо се забавувам. Кога како дете сакате да станете актер, си замислувате дека ќе правите вакви работи. Кршам врати. Нуркам во езера. Спасувам бебиња. Прескокнувам коли. Правам секакви работи што обично не ги правам во вистинскиот живот.“

4. Зошто треба да бидеме загрижени поради заканата од новите технологии?

Џејмс ван дер Бик: „Имав многу страшни разговори со дел од вистинските стручњаци на ФБИ со кои работевме. Мислам, целиот свет е поврзан. Сите тие уреди се поврзани. Нашите животи се поврзани, а сѐ што е поврзано може да се хакира. Има многу луѓе со хакерски вештини, некои се добри, а некои не баш. Знаете, светот е навистина страшен и мислам дека сите се на работ да дознаат колку сме чувствителни на ваквиот вид злосторства.“

CSI: CYBER

5. Епизодата 101, „Киднапирање 2.0“ почнува со необично киднапирање. Зошто оваа епизода е толку застрашувачка за родителите?

Џејмс ван дер Бик: „Првата епизода го погодува секој родител во срце. Некој се обидува да хакира монитор за бебе за да го киднапира бебето. Единствената работа што родителите ја користат за да го заштитат бебето, да го надгледуваат, се користи против нив.“

6. Што мислите за неверојатниот сет за серијата „ЦСИ: Кибер“?

Џејмс ван дер Бик: „Тоа е забавно. Моментално сме во нашиот главен центар за операции. Се наоѓа среде Вашингтон. Во многу епизоди тука ја минуваме целата ноќ. Забавно е да се работи тука, има многу нивоа, многу стакло, многу длабочина на кадрите. Одлично изгледа на снимките.“

7. Како новата технологија ќе помогне да се раскажат приказните?

Џејмс ван дер Бик: „Неверојатно е тоа што можат ликовите да прават во таа просторија. Профилирање луѓе, извлекување работи, хакирање, а сето тоа се гледа на мониторите. Одличен е и начинот на кој функционира графиката во серијата, кога луѓето гледаат во лаптопот, не ја гледаме само сликата на лаптопот. Сите сме виделе како некој испраќа е-порака, но гледаме визуелно претставување, отстрана или од висина на нивните глави. Мислам дека во оваа серија се поместени границите за пренесување приказна за технологијата и за специјалните ефекти што одат со тоа. Целта е луѓето да можат да ги следат овие приказни. Луѓето можат да разберат што се обидуваме да хакираме, зошто има заштитен ѕид, што значи тоа. А нашата екипа за специјални ефекти смисли одлични визуелизации за да можат луѓето да се задлабочат во приказната.“

8. Дали е ова вистински миг за драма што се врти околу киберзлосторствата?

Џејмс ван дер Бик: „За жал, серијата не можеше да биде снимена во подобар миг. Секој ден слушаме нова приказна дека некој нешто хакирал и дека некаде дошло до пробивање на безбедноста на интернет. Да, Ентони Зикер ја сними изворната серија ‘ЦСИ’ во вистински миг. Пред 15 години сите почнавме да учиме како да најдеме куршум и да откриеме детали и отпечатоци од прсти, како да ги склопиме делчињата од злосторството и да најдеме престапник со помош на старата школа за форензички техники, а тој сега ја применува истата проникливост за решавање на киберзлосторствата.“

CSI: CYBER

9. Колку се реалистични приказните?

Џејмс ван дер Бик: „Тоа е привлечното кај секоја епизода, сите работи против кои се бориме може да ви се случат и вам. Работата е во уредот што го поседувате. Тоа е однесувањето на кое сте навикнале, не ви паѓа на ум дека некој би можел да хакира нешто и да ви го упропасти животот.“

10. Што се случува во епизодата 106 „Огнен код“ откако хакирањето на хардверот му овозможува на пироман да најде нов метод што е потежок за откривање?

Џејмс ван дер Бик: „Некој од далечина хакира печатач и го исклучува моторот за ладење, го загрева сензорот за боја во печатачот и така пали хартија. Подметнување пожар преку интернет. Тоа е лудо.“

11. Што се случува во епизодата 102 „CMND:/CRASH“?

Џејмс ван дер Бик: „Некој хакира луда железница и тоа е прилично страшно.“

12. Како „ЦСИ: Кибер“ ќе ја изненади публиката?

Џејмс ван дер Бик: „Серијата ЦСИ знае да раскаже приказна. Веќе 15 години раскажува забавни приказни кои претставуваат задоволувачко телевизиско искуство. Но мислам дека луѓето ќе ги изненади тоа колку е современа оваа серија, и не само што е современа туку е и на прагот на иднината. Можеби нема да слушнете за злосторства што се случуваат во денешно време. Можеби ќе мислите дека не можат да бидат извршени со помош на тие уреди, но можат. Тоа е зачинетиот поглед на целосно новиот начин на изведување на злосторствата.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар