КАФЕ ПАУЗА

Сексуалните терапевти советуваат: 7 нешта кои секој пар треба да ги знае

Станува збор за 7 моќни совети кои сексуалните терапевти би сакале да ги знаете и кои без сомнение ќе ви го подобар сексуалниот живот.rnrnСексуалните терапевти советуваат: 7 нешта кои секој пар треба да ги знаеrn

1. Сексот не мора секогаш да биде совршен

rnЧесто се случува девојките да веруваат дека нивниот партнер за време на првиот сексуален однос магично ќе направи сè за што тие некогаш фантазирале. Ако нивните очекувања не се исполнат, тие веднаш почнуваат да се сомневаат во партнерот и во својот сексуален живот. Но, терапевтите тврдат дека е сосема во ред за време на сексот да си играте и да се забавувате и тоа што го прави односот незаборавен е целосната опуштеност во својата кожа.rn

2. Во ред е да закажете секс

rnПостои општо верување дека до сексот треба да се дојде спонтано и непланирано. Но, сексуалните терапевти тврдат дека доколку чувствувате потреба за секс, сосема е во ред да го договорите тоа. На тој начин вие дополнително ќе ја разгорите вашата страст во исчекувањето на средбата, а и ќе му дадете до знаење на партнерот дека не мора да се фокусира на долгата предигра.rn

3. Преземете ја контролата над своите задоволства

rnКомуникацијата е клучна ако сакате вашиот однос да биде неверојатен. Токму затоа и треба отворено да му кажете на вашиот партнер што сакате и во што најмногу би уживале. Овие сугестии одлично ќе му/ѝ дојдат бидејќи тој или таа точно ќе знаат што сакате и на кој начин можат да ве задоволат.rn

4. Кажете му/ѝ што ви смета

rnМногу парови не се отворени помеѓу себе, бидејќи сметаат дека нивното искрено мислење ќе ја повреди другата страна. Но, доколку нешто не ви се допаѓа во сексуалниот однос, немојте да се форсирате да го правите тоа и да го премолчите вашето мислење, бидејќи на тој начин не го решавате проблемот, туку само го одложувате. Доколку сакате да го подобрите вашиот сексуален живот, вие мора да ги вклучите и критиките покрај пофалбите.rn

5. Ако страста не е огнена, не мора да значи дека ја нема

rnВашиот сексуален живот постои во реалноста, па токму затоа и никогаш нема да изгледа како во филмовите. Сексуалните терапевти истакнуваат дека ако за време на сексот нема огнена страст, тоа не значи и дека станува збор за лош однос или пак, дека нема искри помеѓу вас. Вистинската страст ја чинат емоциите кои ги доживувате за време сексот, па затоа обидете се максимално да се препуштите и повеќе да уживате.rn

6. Поголемиот дел од луѓето мастурбираат

rnИстражувањата покажуваат дека оваа тема повеќе не е табу. Сексуалните терапевти тврдат дека не е срамота да правите нешто што ви создава пријатни емоции, а со самата мастурбација и вашиот сексуален живот ќе стане многу подобар.rn

7. Вашето тело е совршено

rnНемојте да се грижите дали партнерот ќе го види целулитот, влакненцата, стриите или кои било други делови од вашето тело кои вам не ви се допаѓаат. Вие сте совршени онакви какви што се, па токму така и тој или таа ве гледаат за време на сексот.