5 нешта кои вашите нокти се обидуваат да ви ги кажат

5 нешта кои вашите нокти се обидуваат да ви ги кажат

Бели флеки, црни точки и бразди? Позната козметичарка од Њујорк, Мишел Хамфри, која работи за „Maybeline“ ни открива што се обидуваат да ни кажат нашите нокти и како да се справиме со овие состојби.

5 нешта кои вашите нокти се обидуваат да ви ги кажат

1. Вишок кожа

Оние олабавени и суви делови од кожата околу кутикулите кои едвај чекате да ги отстраните, таа вели да избегнувате да ги допирате што е можно повеќе. Нивното гризење или влечење може да доведе до крвавење и потенцијална инфекција. Доколку ги одржувате редовно вашите кутикули, оваа вишок кожа нема да се појавува.

2. Бели флеки

Во поголемиот дел од случаите, белите флеки укажуваат на траума која ја доживеале ноктите, па ако сте го удриле вашиот прст, големи се шансите дека тие настанале како последица од тоа. Но, ако без причина ви се појавуваат, тоа значи дека најверојатно имате недостаток на цинк. Овој проблем лесно може да се реши со адаптирање на вашата диета. Погрижете се да јадете повеќе спанаќ, грав, јогурт и школки кои се богати со овој елемент. Понекогаш флеките исто така можат да укажуваат и на сувост на нокотот, кој можете да го избегнете така што ќе користите отстранувач на лак без ацетон.

3. Промена на бојата на ноктите

Понекогаш ноктите ја губат својата природа и стануваат жолтеникави. Поголемиот дел од времето ова настанува како дамка од лакот (токму затоа секогаш користете основа), додека пак понекогаш настанува и од одредена храна или пушење. Внимавајте кога вашите нокти делуваат подигнато и ја промениле својата боја во кафеаво зеленикава. Тогаш можеби станува збор за габична или бактериска инфекција за која е потребен итен медицински третман.

4. Бразди и рапави нокти

Вертикалните бразди се природен знак на стареење, кои лесно можете да ги отстраните. Но, внимавајте да не бидете премногу агресивни, оставајќи го нокотот премногу тенок и ослабен. Хоризонталните бразди можат да укажуваат на стрес или болест, но тие најчесто се појавуваат на ноктите на стапалата, бидејќи тие растат многу побавно од ноктите на рацете.

5. Црни точки или линии под ноктите

Темните линии или црните точки под ноктите кои не се модринки настанати од удар и не исчезнуваат лесно, мора веднаш да бидат покажани на вашиот доктор со цел детално да се проверат бидејќи можат да бидат знак за малиген меланом, кој е многу сериозна медицинска состојба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар