КАФЕ ПАУЗА

Полнети крофни со фил од кафе

Кој може да одолее на вкусот и мирисот на домашните полнети крофни? Меки, вкусни и неодоливи, крофните се еден од омилените десерти на секој љубител на слатките задоволства. Но, во последно време често пати ѝ се дава предност на печената храна, наспроти пржената, како поздрава варијанта, па затоа се одлучивме да подготвиме токму ваков рецепт за печени полнети крофни.rnrn1-polneti-krofni-so-fil-od-kafe-kafepauza.mkrn

Потребни состојки:

rn

За крофните:

rn

    rn011

  • 1 чаша топло млеко
  • rn011

  • 1 лажица путер
  • rn011

  • 2 ½ чаши брашно
  • rn011

  • ¾ чаши шеќер
  • rn011

  • 1 ½ лажици сув квасец
  • rn011

  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • rn011

  • 150 г чоколадо за декорација
  • rn

rn

За филот од кафе:

rn

    rn011

  • 3 лажици пченкарен скроб
  • rn011

  • 1 мала лажичка Браво кафе
  • rn011

  • ½ чаша + ¼ чаша шеќер
  • rn011

  • 2 чаши млеко
  • rn011

  • 4 жолчки
  • rn011

  • 2 лажици путер
  • rn011

  • 1 мала лажичка екстракт од ванила
  • rn

rn2-polneti-krofni-so-fil-od-kafe-kafepauza.mkrn

Начин на подготовка:

rn

    rn011

  1. Топлото млеко и путерот ставете ги во длабок сад и мешајте додека смесата се соедини.
  2. rn011

  3. Брашното пресејте го со сито и ставете го во сад за месење, па додајте ги квасецот и шеќерот. Измешајте ги состојките и во средината направете мал отвор.
  4. rn011

  5. Во садот со брашното додајте го екстрактот од ванила и турете ја смесата од млеко и путер. Мешајте со лажица додека се формира тесто.
  6. rn011

  7. Врз набрашнета површина ставете го тестото и продолжете со месење за време од 5 до 10 минути. Од тестото формирајте голема топка.
  8. rn011

  9. Земете чист длабок сад и намрсете го. Во садот ставете го тестото и покријте го со најлонска фолија и така припремено оставете го на топло место додека тестото двојно да нарасне за време од 1 час.
  10. rn011

  11. Во меѓувреме подгответе го филот. Во тенџере на оган, на средно висока температура ставете 1 и ½ чаша млеко да се вари. Во млекото додајте ½ чаша шеќер и повремено мешајте за да не загори млекото.
  12. rn011

  13. Во друг сад ставете ги пченкарниот скроб, ¼ чаша шеќер и лажичката Браво кафе. Измешајте ги, а потоа додајте ½ чаша млеко и жолчките. Измешајте со жица за матење за да добие хомогена смеса.
  14. rn011

  15. Штом млекото зоврие, намалете ја температурата. Во садот со смесата од кафе, постепено додавајте по малку од врелото млеко и константно мешајте за да се распореди топлината. Потоа, смесата од јајца и кафе ставете ја во тенџерето во кое се вареше млекото. Тенџерето ставете го на огнот и кремот од кафе варете го додека се згусни. Штом кремот ќе ја добие посакуваната густина, тенџерето тргнете го од огнот, а потоа додајте ги путерот и ванилата. Добро измешајте и оставете го филот да се излади.
  16. rn011

  17. Работната маса набрашнете ја и ставете го тестото. Со помош на рацете или сукало формирајте кружна кора со дебелина од 2 до 2,5 см.
  18. rn011

  19. Од кората со помош на калап или чаша исечете крофни. Крофните редете ги во тава обложена со хартија за печење и по желба оставете ги да нараснат за време од 30 минути.
  20. rn011

  21. Тавата со крофни ставете ја во загреана рерна на 200 степени и печете ги за време од 10 до 15 минути додека добијат златно кафеава боја. Печените крофни извадете ги од рерната и оставете ги да се изладат.
  22. rn011

  23. Кремот од кафе ставете го во готварски шприц и со него полнете ги крофните. По желба, крофните може да ги пресечете на половина и да ги премачкате со фил.
  24. rn011

  25. Чоколадото растопете го на пареа, а потоа со него чоколадирајте ги полнетите крофни со фил. На крај, декорирајте го со парчиња чоколадо или јаткасти плодови по желба. Тоа е тоа!
  26. rn

rnРецепт и фотографии: Sezahrana.mk