20 различни и креативни начини да ја носите обичната бела маичка
Белата маичка е сестрано парче облека кое нуди многу различни начини за носење и комбинирање. Иако е тешко да се замисли, обичната бела маичка може да се носи дури на 20 различни начини.
Белата боја е синоним за елеганција, префинетост и едноставност. Белата маичка пак, е најдобриот начин овие карактеристики да дојдат до израз кај една личност. Ова парче е толку удобно и секој може да си го дозволи. Од различните материјали до различните цени, белата маичка е парче кое секому му прилега.
Бидејќи е едноставна и лесно се претопува во секоја комбинација, може да изгледа елегантно, секси, соодветно за на работното место и спортски. Со фармерки и патики за спортски изглед, со високи потпетици за вечерно излегување… Комбинациите се бесконечни.