КАФЕ ПАУЗА

30 совети за родителите од нашите баби и дедовци што се поучни и денес

30 совети за родителите од нашите баби и дедовци што се поучни и денес

Written by

in

,

Многу „старомодни“ совети за родители денес важат исто како порано. Многу е важно да ги воспитате децата правилно и да ги научите на почит и на многу други работи уште од рана возраст.rnrn30 совети за родителите од нашите баби и дедовци што се поучни и денесrn

1. Бидете упорни

rnАко кажете „вие двајца мора да престанете да се расправате или одете на спиење“, држете се до тоа.rn

2. Јадете заедно

rnНе можете да го направите тоа во текот на работните денови? Неделниот ручек исто така се брои.rn

3. Дозволете им на децата да учат од своите грешки

rnДомашната работа треба да се достави утре? Немојте вие да ја завршувате нивната работа. Дозволете им да научат дека еден ден нема да бидете тука за да ја сработите нивната работа. Најдобро ќе научат од сопствените грешки.rn

4. Испратете ги да играат надвор

rnСвежиот воздух никогаш не повредил никого.rn

5. Воспоставете куќни правила

rnНе е важно што им дозволуваат вашите пријатели на своите деца. Ова е вашата куќа и тука важат вашите правила.rn

6. Понекогаш е во ред да кажете „затоа што сум родител“

rnНе мора да му ја објаснувате на вашето дете секоја одлука што ќе ја донесете.rn

7. Нема привилегии

rnДецата мора да ги сносат последиците за лошите работи што ги направиле.rn

8. Понекогаш треба да им биде здодевно

rnРодителите треба да му обезбедат на детето храна, облека и сигурност. Но, ако им е досадно, не мора да ги забавувате по цел ден.rn

9. Понекогаш може да се забавувате без децата

rnМеѓу другото, не заборавајте на времето што треба да го поминете без децата. Организирајте пикник на отворено со партнерот или одете на романтична вечера.rn

10. Воспоставете време за спиење

rnОва е многу важно, така што секој ќе може да се наспие и да биде одморен следното утро, наместо нервозен.rn

11. Ако не сака, не сака

rnАко направите ручек, а вашето дете не го јаде тоа што е на масата, не вознемирувајте се. Дајте му две опции: земи или остави. Во спротивно, само нека најде друг избор.rn

12. Научете го да почитува

rnНе дозволувајте вашето дете да не ве почитува вас или некој друг. Децата учат од родителите, така што истото се бара и од вас.rn

13. Научете ги на добри манири

rnМногу е важно да ги научите децата како да се однесуваат. Научете ги да бидат учтиви и љубезни.rn

14. Научете ги да помагаат

rnСекое дете во куќата може да помогне нешто. Ангажирајте ги и научете ги уште од најмала возраст колку е важно секој да помага во куќата.rn

15. Бидете им добар пример

rnВие сте најдобриот пример за вашите деца. Затоа, бидете внимателни што зборувате и како се однесувате.rn

16. Не дозволувајте да ги прекинуваат возрасните додека зборуваат

rnИсто така, не прекинувајте ги додека децата зборуваат. Оставете ги да завршат исто како што и тие не треба да ве прекинуваат.rn

17. Бидете родител, а не пријател

rnМоже да се забавувате заедно, но треба да знаете кога да се однесувате како родител.rn

18. Гответе заедно

rnОва е одличен начин да се поврзете уште повеќе, но и да го научите вашето дете на животните вештини што му се потребни.rn

19. Раскажете им семејни приказни

rnПокажете им ги вашите фотографии кога сте биле млади, раскажете интересни приказни.rn

20. Направете традиционални собири

rnНа пример, за именденот на таткото, секоја година се прави скара на одредено место и слично.rn

21. Нека се дружат со бабите и дедовците

rnТоа е добро и за вас и за нив.rn

22. Држете се до реченицата „не може секогаш да го добиеш она што го сакаш“

rnНема посебен третман, дури ни за роденден. Ниту кога ќе направи нешто добро. Не смеете да попуштате.rn

23. Научете ги да се облекуваат соодветно

rnМногу е важно да ги научите децата дека кога одат на свадба, на погреб или на интервју за работа, мора да се облекуваат според пригодата.rn

24. Не заборавајте дека вие сте родителот

rnКога ќе им кажете да ја исчистат просторијата, мора да ве послушаат.rn

25. Верувајте им на вашите инстинкти

rnКога разговарате со докторот или со наставникот на вашето дете, верувајте им на вашите инстинкти за полесно да ја процените ситуацијата и да донесете одлука.rn

26. Научете ги да одржуваат хигиена

rnМногу е важно детето да научи од рана возраст како правилно да ги мие рацете и колку често да го прави тоа.rn

27. Научете ги да ги почитуваат постарите лица (и сите околу нив)

rnОва е многу важно затоа што ако немаат почит кон постарите, ќе изградат многу лош карактер.rn

28. Покажете им како да им помагаат на луѓето во неволја

rnВолонтирајте заедно. Дозволете му на детето да учи од вас. Покажете му со пример.rn

29. Одредете време за играње

rnДецата треба да играат, но исто така треба да знаат кога е време за игра и кога треба да се вратат дома.rn

30. Научете ги да чистат сами по себе

rnНа училиште, дома, кај пријателите и општо, во животот.rnrnПрочитајте зошто тинејџерите ги одбиваат советите на родителите кога бараат решение за проблемите.