Летувањето го чувствуваме со сите сетила. Сепак, освен добриот одмор и забавниот помин, постојат и неколку важни здравствени придобивки од вашата 10-дневна изложеност на море.
rn
Поголема плодност
rnСончањето ја засилува плодноста кај двата пола бидејќи го зголемува нивото на витамин Д. Медицинските експерти од Австрија откриле дека витаминот Д го зголемува нивото на женските хормони прогестерон и естроген што го регулира циклусот и ги зголемува шансите да останете бремени.rn
Повеќе секс
rnЕдно неодамна спроведено истражување во Велика Британија покажало дека учесниците најмногу сексуални односи имале во август. Научниците ги објасниле резултатите со фактот дека сонцето го поттикнува хормонот на среќата серотонин и допаминот и го покачува нивото на тестостеронот – и кај мажите и кај жените.rn
Понизок крвен притисок
rnПовеќе медицински студии имаат покажано дека УВ-зраците го зголемуваат ослободувањето на соединението азот моноксид од кожата, што поттикнува отпуштање на крвните садови предизвикувајќи пад на крвниот притисок.rn
Подобар сон
rnСамо заради тоа што не поминувате време пред компјутер или телевизор ќе почувствувате позитивно промена во вашето спиење. На тоа секако влијаат самиот одмор покрај море, промената на климата и психичкиот одмор.rn
Полесно дишење
rnЕден од главните причини зошто одморот на море е од голема важност за здравјето е што морскиот воздух е полн со јони кои ја стимулираат апсорпцијата на кислородот, ги олеснуваат симптомите на астмата и го регулираат нивото на хормоните.

