Хранливи состојки за уште похранливо смуди

Сподели

Смудито е еден од најпопуларните пијалаци на денешницта за што придонесе неговиот хранлив состав. Ако сакате да го направите хранливото смуди уште похранливо започнете да ги користите овие состојки.

Реклама

rn

1. Маслиново масло

rnИако маслиновото масло претставува составен дел на секоја салата, исто така е и одлична состојка за секое смуди. Тоа е богато со незаситени масти кои се здрави за нашето срце, а придонесува и хранливите состојки од смудито уште подобро да се апсорбираат во нашиот организам. Освен тоа што е хранливо, една лажичка маслиново масло е доволна за вашето смуди да биде уште повеќе кремасто, а со самото тоа и уште повкусно.

rn

2. Семе

rnБез разлика за каков вид семе ќе се одлучите, оваа состојка е здрава бидејќи претставува богат извор на магнезиум, кој му помага на нашиот имунолошки систем да биде здрав подолго време. Чиа семето, на пример, придонесува за регулирање на крвниот притисок, лененото семе помага во создавањето на влакна, а ако сакате да внесете повеќе протеини, тогаш изберете семе од коноп. Како што кажавме, без разлика кое семе ќе го одберете нема никако да погрешите.

rn

3. Ледено кафе

rnИма многу придобивки од леденото кафе, а една од нив е тоа што може да го забрза вашиот метаболизам, но исто така и да ја подобри вашата меморија. Една нова студија покажува дека овој напиток може да ја подобри вашата физичка активност, па никако не го изоставувајте ако сакате да пиете смуди наутро. Леденото кафе оди супер со банана и бадеми.

rn

4. Путер од бадеми

rnПремногу вкусниот путер од бадеми може да му даде нова нота на вашето смуди, бидејќи е доволна само една лажичка за да го збогати со магнезиум, протеини, железо и витамин Е. Неколку студии имаат покажано дека оваа состојка помага против борбата со ракот и срцевите болести.

rn

5. Кокос

rnДоколку сакате богато смуди, тогаш не пропуштајте во него да додадете свеж кокос, бидејќи тој е богат со витамин Б и ќе ви помогне да бидете полни со енергија низ текот на целиот ден. Одлично би било да го конзумирате наутро, бидејќи содржи многу магнезиум и калиум, а покрај ова има ниско ниво на шеќер.

Популарно

Може ќе ве интересира