КАФЕ ПАУЗА

Запознајте го слаткиот вомбат Кеди

Запознајте го слаткиот вомбат Кеди

Кеди е малечок осуммесечен вомбат (вид индонезиски торбар) кој има среќа што воопшто преживеал бидејќи бил во кожното торбиче на мајка му, кога неа ја прегазил автомобил во јуни, оваа година.rnrnЗапознајте го слаткиот вомбат КедиrnrnОттогаш, сивото бебенце живее во засолништето за животни „Warrandyte Wildlife“ во Мелбурн, каде друштво му прават две плишани мечиња.rnrnЗапознајте го слаткиот вомбат КедиrnrnМенаџерката на засолништето Линда Соварин вели дека ѝ донеле на Кеди „пријателчиња“ да ја дружат, бидејќи таа е моментално единствениот вомбат во засолништето:rn
rn

Две мечки – играчки, кои им претставуваа друштво на стотици вомбати кои останале сирачиња во последниве 15 години, ѝ прават друштво на Кеди. Таа е прекрасно малечко животинче. Дојде кај нас кога имаше само 900 грама, а сега тежи 2.2 кг и треба уште да расне.

rnrnЗапознајте го слаткиот вомбат КедиЗапознајте го слаткиот вомбат КедиrnrnКеди ќе ја пуштат повторно во дивина, кога ќе тежи 25 кг. Неа ја хранат со специјално млеко, на секои 4 часа, а за нејзиното здравје се грижи цел тим од експерти.rnrnЗапознајте го слаткиот вомбат КедиrnrnВомбатите потекнуваат од Австралија и растат околу 1 метар во должина. Женските вомбати се пораѓаат еднаш годишно, на пролет, а потоа своите бебиња ги чуваат во торбичето. Бебето го напушта торбичето после 6-8 месеци од раѓањето, а ја напушта својата мајка кога ќе наполни околу 15 месеци.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.